Рејтинг

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Раде Кончар 8-а/1-3
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км
  • Локација: Позади Градежен Факултет кај основното училиште Коле Неделковски

  • Телефон 2: 070 292683
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00



Фото и видео галерија

Рејтинг е специјализирана агенција за испитување на јавното мислење и истражување на пазарот.

Нашите капацитети се темелат на WARP-IT software - специјализиран за истражувања, анализа и статистика кој овозможува:
• CAPI - Анкета лице во лице со помош на компјутер
• CATI - Телефонски анкети со помош на компјутер
• CAWI - Онлајн анкети

Истражувањата се спроведуваат од целосно опремен модерен телефонски центар со 16 станици и најсовремени простории за фокус групи (еднострано огледало), како и аудио и видео снимање. Работиме во согласност со светските ICC/ESOMAR стандарди и нашите услуги се одликуваат со посветеност, квалитет и искуство. Нашиот пристап е целосно ориентиран кон потребите на клиентот. Работиме со вас чекор по чекор од самата идеја за истражување, па се до финалниот извештај. На овој начин креираме истражувачки проекти кои се во согласност со вашите потреби и очекувања. Досега имаме соработувано со клиенти од повеќе индустриски гранки, невладин сектор и и бројни меѓународни организации.

Рејтинг е дел од регионалната мрежа на DEEP DIVE, Белград и располагаме со 1500 обучени анкетари и координатори од регионот на Балканот и истражувачки тимови со повеќе од 15 години искуство во областа. Во Република Македонија, Агенцијата располага со мрежа од 250 професионални и искусни анкетари и координатори од сите региони на државата.

Во досегашните истражувања Рејтинг има опфатено повеќе од 100 000 испитаници, при што ја има спроведено и најголемата анкета на ниво на град Скопје во која учествуваа 11 500 граѓани.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи