Радио Мрежа Канал 77

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: 5-та Партиска конференција б.б.
  • Место: Штип
  • Оддалеченст: ≈7493 км

  • Телефон 2: 032 397727
  • Факс: 032 397717
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1433934411_8.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Програмата на Радио Канал 77 се емитува од Штип и Скопје и со дописничка мрежа од 14 градови од Република Македонија. Програмските содржини освен на радио се емитуваат и на нашата Веб страна и социјалните медиуми Фејсбук и Твитер.

Целна група на програмата на Радио Канал 77 се лица од 18 до 45 годишна возраст со тежиште на лица помеѓу 25 и 44 годишна возраст од кои 55% жени 45% мажи. За достигнување на нашата целна група, Радио Канал 77 емитува динамични говорни содржини кој се надополнети со кратки изданија на информативна програма, кој се продуцира од нашата новинарска екипа, и на сето ова се додава музика која се емитува на Радио Канал 77 а која е хибрид помеѓу Adult contemporary и Hot аdult contemporary.

Радио Канал 77 е единствена радио станица на територијата на Југоисточна Европа која рекламните пораки ги дистрибуира по систем Splitting Advertising на 3 нивоa:
• Национално рекламирање
• Регионално рекламирање на 4 макро региони, и
• Локално рекламирање на 10 микро региони.

Дистрибуцијата се врши преку 15 микробранови линковски фреквенции и 35 FM фреквенции. Програмата на Радио Канал 77 се емитува и преку WEB Streaming и преку IP и кабелски оператори во Македонија и регионот. Радио Канал 77 ги користи фреквенциите на третата радио мрежа на Република Македонија која е одобрена од International Telecommunication Union од Женева, регулаторно тело на Обединетите нации. Овие фреквенции се заштитени од IТU и координирани со соседните држави и истите слободно се емитуваат на територијата на Албанија, Србија, Косово, Бугарија и Грција во длабочина од 80 до 120 км.

Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца - Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е членка на голем број домашни и странски меѓународни медиумски организации и учествува во многу промотивни проекти кои имаат социјален карактер и се во интерес на пошироката јавност. Нашата мисија е да му служиме на демократското и отворено општество и да ја развиваме граѓанската инцијатива во Република Македонија.

Радио Мрежа Канал 77 - Само хитови!

повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи