ПроТерм


  • Адреса: 15-ти Корпус б.б.
  • Место: Охрид
  • Оддалеченст: ≈7439 км
  • Локација: Комплекс Езерка


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1593171959_72.png?t=true&w=300&h=300


Протерм - Професионалност во термо техничките инсталции и лидер во иновациите од 1982...

Иновативните и паметни решенија за искористување на Обновливите Извори на Енергија – ОИЕ, датираат од далечната 1982 година со предизвикот да се изработи сончев систем за санитарна топла вода за потребите на туристите кои преку летниот период ги имавме во голем број низ нашиот дом. Само две години подоцна, започнува инсталирањето на централниот систем за греење на површина од 600 м2 со котел на дрва. 1990 со промената на законите во тогашниот систем на СФРЈ, се појавува правевен субјект ПП Јове и започнува еден тежок период во тие бурни времиња на трансформација. Новиот милениум го започнавме со интегрирање на централните системи за греење, ладење и санитарна топла вода, со инсталација на првата геотермална топлинска пумпа и искористување на енергијата од земјината кора. 2008 започнува примената на фотонапонските ќелии за производство на електрична енергија од сончевата светлина. 2011 како поддружница на ТД Јове Охрид дооел, се појавува Протерм – Регионален Центар за ЕЕ и ОИЕ, за подоцна во 2014 да се изгради првата фотонапонска централа ФотоВолт – Белчишта со капацитет од 50 kW/h.

Денес, нашата визија не води кон целосно интегрирање на потребите од енергија во Вашиот дом, преку одржливо искористување на обновливите извори на енергија, односно пасивен дом кој ќе биде што е можно помалку зависен од пазарот на енергија.

Задоволни клиенти е приоритет и мото на нашата компанија, што не води кон вистинскиот пат во примената на зелената енергија за подобро утре на планетата земја, која сме ја позајмиле од нашите предци и треба да ја зачуваме за следните генерации.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи