Пингвин

Работиме 7 дена во неделата

  • Адреса: Св.Кирил и Методиј (М.Х.Јасмин) 13
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7200 км
  • Локација: во ТЦ Рамстор, Стара Железничка

  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 22:00
    Саб од 10:00 до 22:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1579164543_55.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Пингвин
Носител на дејноста хемиско чистење, перење и пеглање е фирмата ИКЛ-М дооел Скопје, со бренд име ПИНГВИН-Сервис за хемиско чистење, перење и пеглање.

Пингвин собирни пунктови

1. РАМСТОР - Центар..... 02/ 3223 221
(бесплатен паркинг за нашите клиенти)
Адреса: Св. Кирил и Методиј бр. 13 - Центар (Стара Железничка)
работно време Понеделник-Сабота: од 10 до 22 часот.
Недела е неработен ден.

------------------------------------------------------------------------------------------

2. ХРОМ (Ѓорче Петров)..... 02/ 2042 900, 070/ 365 687
Адреса: Браќа Галеви бр.20 (кај последна автобуска 4-ка)
работно време: понеделник/среда/петок од 9 до 15 часот.

------------------------------------------------------------------------------------------

3. Трговски Центар БУЊАКОВЕЦ..... 077/ 826 063
Адреса: Т.Ц Буњаковец, локал бр.26 (во приземје, влез запад)
работно време: од понеделник до петок. од 9 до 16 часот, сабота од 9 до 16 часот.

УСЛУГИ: Хемиско/перење и кројачки сервис.

------------------------------------------------------------------------------------------

4. НОВО ЛИСИЧЕ..... 071/ 827 942
Адреса: Видое Смилевски Бато бр. 8в/1 влезе 9во зградата на МИК Свети Николе, карши КАМ Маркет)
работно време: од понеделник до петок до 11 до 17 часот, сабота од 10 до 15 часот.

УСЛУГИ: Хемиско/перење и кројачки сервис.

------------------------------------------------------------------------------------------

5. КИСЕЛА ВОДА / Кај Симпо / подвожњак / кај Света Петка..... 071/546 889
во Перална Екстра
Адреса: Павел Шатев бр.1 локал 13
работно време: од понеделник до петок од 9:30 до 17 часот, сабота од 8:30 до 14:30 часот

------------------------------------------------------------------------------------------

Дејноста на работење се состои во суво и водено перење и пеглање на сите видови текстил, свила и кожа, боење на текстил, како и шнајдерски работи.

За дејноста:

Потребата за одржување на чистотата на облеката се јавува уште од праисториско време, кога човекот првата облека која му служела за заштита од студ и повреди, ја чистел од паразити и инсекти кои му пречеле по здравјето.

Денес, чистењето на облека т.е перењето, се врши на два начина и тоа:

1. суво хемиско чистење (dry cleaning) и

2. водено перење (laundry).

Првото, користи средства за чистење со растворувачи, без вода, а второто вода и растворувачи/детергенти/.

Користењето на услугите за хемиско чистење на облеката е потреба, а навиката и бројот е начин и култура на живеење. Корисниците треба да знаат дека хемиското чистење не е магија и дека не постои ниту едно хемиско чистење кое може секогаш:

-да ги отстрани сите флеки
-да го спречи бледеењето и разлевањето на боите
-да ги поправи оштетувањата на текстилот кои настанале од третманот на флеките пред хемиско чистење, со четкање на истите или со третман со “волшебни средства”.

Но, ова не значи дека на секое третирано парче мора да остане некоја флека или да се разлее боја, туку значи дека може да се случи да некоја флека не се отстрани или да некоја боја се разлее. Затоа корисниците треба да обрнат внимание, при самото купување на облека, на декларацијата од производителот и да знаат да ја оценат веродостојноста на декларираниот квалитет на материјалот.

Во нашиот погон третманот и чистењето се прави исклучиво на основа на декларацијата и пропишаниот начин во истата и исклучиво само за истите одговараме и гарантираме за квалитетот на услугата.

Муштеријата не треба да прави претходно никакви обиди за отстранување на флеката, да брзо ја донесе на хемиско чистење (да не се упие нечистотијата во влакната на ткаенината), а хемискиот чистач на вистинскиот начин да го изврши третманот.

Многу битен податок за муштеријата е да знае дека честото носење на облека на хемиско чистење не го скратува векот на траење, туку напротив дека истиот го продолжува.

Со нашата порака дека НИЕ НЕМАМЕ КОНКУРЕНЦИЈА и дека Европа не е ниту датум ниту рокови, туку дека Европа е начин на живеење (што значи европски е да се користат услуги од хемиските работилници), Ве поздравуваме и Ви посакуваме добредојде во нашиот клуб на корисници “ПИНГВИН”.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи