Пелистер

Паркинг

  • Адреса: Добривое Радосавлевиќ 3
  • Место: Битола
  • Оддалеченст: ≈7908 км

  • Телефон 2: 047 232111
  • Факс: 047 232444
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 15:00



Фото и видео галерија

ГП Пелистер изведува објекти од високоградба, нискоградба, хидроградба во Mакедонија и странство по пат на кооперација или со сопствени капацитети. Организира и врши ископи и транспортни услуги со градежна механизација за потребите на градежната оператива и други нарачатели. Врши надзор на изградбата и изведувањето на градежните работи.

ГП Пелистер е градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди. За таа цел ја поседува лиценцата " А " за градба од прва категорија, " Б " дозвола која се издава според Законот за животна средина што претставува усогласување со оперативниот план на градежната компанија. " ГП Пелисте " е единствената градежна компанија која што ги добила сертификатите за квалитет ISO9001:2000, OHSAS 180001 и сертификат за заштита на животната средина ISO14001:2004.

Визионерскиот пристап на менаџментот предводен од м-р Силјан Мицевски на "ГП Пелистер" е клучот кон остварување на квалитетот, за градењето на позитивниот дух и филозофијата да се биде прв, со што ретко може да се пофали некоја од градежните фирми во државата, не само во секторот градежништво. Работата во таква атмосфера неизоставно води кон успеси и настојувања а во случајот на " ГП Пелистер " е постојаната желба за нови градежни проекти.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи