ПЗУ Офталмос е офталмолошка приватна ординација со најсовремена компјутеризирана апаратура за дијагностика и операција на офталмолошки проблеми.
повеќеГи решаваме сите видови повреди на предниот очен сегмент. Работиме со дечиња од најмала возраст (бебиња). Кадровски сме покриени со стручен тим на доктори и останат медицински персонал кои се на ниво на останатите европски држави. За да биде опфатена и соодветно третирана целокупната офталмолошка патологија, имаме специјалисти-офталмолози како надворешни соработници. Апаратите и машините во Офталмос овозможуваат поставување на рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување соодветно на современите светски стандарди. -Директна и индиректна биомикроскопија и офталмоскопија -Компјутеризирана дијагностика на рефракциските аномалии -Во Поликлиниката за очни болести Офталмос се изведуваат совремни технолошко-стручни операции со локална анестезија, капки. Дијагностика Рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување соодветно на современите светски стандарди. -Октопус -Ехографија АБ скен -ЈАГ-Ласер -ОЦТ Томографија Оперативен блок Поликлиниката поседува операциона сала со потребни помошни простории. Вршиме оперативни процедури, искључиво за преден очен сегмент и аднексите нa окото (oчни капаци, солзни канали). Располагаме со современа техничка опрема и кадровски потенцијал за успешна реализација на следните операции: -Операција на Катаракта -Глауком -Страбизам -Птеригиум -Халазион и сите видови пластични операции на очните капаци Посетете не сместена во центарот на градот на улица 8-ма Ударна Бригада бр.20 (во близина на италијанска амбасада). | Мапа |