Мзт Инженеринг


  • Адреса: Св.Климент Охридски б.б., лам.2/6
  • Место: Битола
  • Оддалеченст: ≈7908 км
  • Локација: Пелагонка 2

  • Телефон 2: 047 239732
  • Факс: 047 203731
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 15:00



Фото и видео галерија

Мзт Инженеринг е докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн, а стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.

Производство
• Длабоко извлекување
• Штанцање, пробивање и втиснување
• Заварување
• ЦНЦ Плазма Сечење
• Монтажно одделение
• Изработка на алати

МЗТ Инженеринг е основана во 1984 год. во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање.

Фирмата располага со сопствен производен погон, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита.

Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање, врз база на што се пристапува кон изработка на конкретните алати. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2000 за кои што МЗТ Инженеринг доо Битола е сертифицирана од 2001.МЗТ Инженеринг покрај сертификатиот за квалитет поседува сертификат за животна средина ISO 14001:2004.

повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи