Природонаучен музеј на Македонија — национален музеј што собира и чува, проучува, депонира и го изложува природното богатство на Република Македонија. Тоа е најстарата биолошка институција во земјата која го претставува богатството на македонската геа, флора и фауна.
Има постојани изложби на: минерали и карпи, фосили, растенија, без’рбетници, инсекти, риби, водоземци и влекачи, птици и цицачи. Во Музејот се организираат и тематски изложби.
Зградата на Природонаучниот музеј на Македонија се наоѓа во склопот на Зоолошката градина во Скопје, но работи како посебна институција.
më shumë