Комунална хигиена-Скопје

ПаркингЈавен превозWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: ул.516 бр.10 Ќерамидница
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7853 км
  • Локација: во близина на саем , зграда ФАС 11-ти Октомври

  • Телефон 2: 02 3118525
  • Факс: 02 3229039
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, чиј основач е Град Скопје, е едно од најголемите претпријатија од комуналната област во Република Македонија.

Во своето над стогодишно постоење и делување, ЈП „Комунална хигиена“ успешно се грижи за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје. Развивајќи се напоредно со развојот и модернизацијата на Скопје, со добрата организација, ефикасност, одговорност и дисциплина, ЈП „Комунална хигиена“ прерасна во лидер во областа на комуналните дејности во државата. Во претпријатието се вработени околу илјада работници и располага со над 160 специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад и за извршување на другите дејности кои се во надлежност на претпријатието.

СЕКОЈДНЕВНА ГРИЖА ЗА ЈАВНАТА ЧИСТОТА И УРБАНИОТ ЛИК НА МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА:

• Собирање и транспортирање на комуналниот отпад во урбаниот и руралниот дел од градот од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје, во три смени во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Се опслужуваат преку 140 илјади домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од руралните средини. Во депонијата „Дрисла“ годишно се транспортираат и депонираат над 140 илјади тони комунален отпад.

• Одржување на хигиена на јавни сообраќајни површини на територијата на Град Скопје, што подразбира нивно рачно и машинско миење и метење.

• Селекција на пакување и отпад од пакување (пластика, хартија и лименки) во подземни контејнери и контејнери во вид на ѕвоно (игло), поставени на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и околу илјада сетови од по 4 наменски пластични канти лоцирани во јавни и образовни институции. Обработка и балирање на селектиран отпад во центрите за селекција на отпад во Карпош 3 и Вардариште, каде се поставени специјални садови во кои граѓаните на Град Скопје можат да го одложат непотребниот кабаст, електронски, стаклен и метален отпад.

• Стационар за згрижување на бездомни кучиња „Вардариште“, каде успешно се спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња на подрачјето на градот Скопје, според програмата „Catch, neuter, release“ („Залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA), а поддржана од Светската здравствена организација (WHO).

• Едукација на младата популација за правилниот однос кон хигиената и кон животната средина.

• Поддршка и организација на јавни манифестации од аспект на одржувањето на јавната хигиена.

• Еко-патрола која е задолжена да го лоцира неправилно одложениот комунален отпад и да превземе конкретни мерки за заштита на животната средина. Ги едуцира граѓаните за начинот на постапување со комуналниот отпад, почитување на воспоставениот комунален ред во градот, се со цел да се зачува здрава животна средина.

НАША ПОЛИТИКА ЗА РАЗВОЈ
Визијата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје е “Чисто Скопје и задоволни граѓани“.
За да се оствари оваа визија, во нашето работење ги имплементираме европските стандарди и воведуваме најсовремена техника и технологија. За зголемување на ефикасноста и ефективноста во извршување на функциите на претпријатието и подигнување на квалитетот на услугите, во тек е воведување на стандардот за квалитет ИСО 9001:2008.

Во претпријатието е воведен современ информациски систем, кој овозможува примена на информатичка технологија во секојдневното работење (постоење на повеќе софтверски апликации). Инсталиран е модерен компјутерски центар со четири сервери, оптички поврзан со над 150 работни станици лоцирани на четири локации, во една единствена информациска мрежа.

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изработи нова функционална ВЕБ страна, преку која ги презентира своите секојдневни активности и на граѓаните им овозможува на брз и едноставен начин да ги добијат сите потребни информации во врска услугите кои ги дава претпријатието. Со ова се обезбедува целосна транспарентност во работењето на претпријатието.

Исполнување и надминување на очекувањата на нашите корисници е наша цел. Затоа и во наредниот период несебично и посветено ќе се трудиме континуирано да го подигнуваме квалитетот на нашите услуги.
повеќе
Слика од локација

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи