Код инженеринг

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

• Адреса: Призренска 22/50
• Место: Скопје
• Оддалеченст: ≈7421 км

• Телефон 2: 075 432858
• Факс: 02 2650368
• Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1571306341_57.png?t=true&w=300&h=300

Фото и видео галерија

КОНСТРУИРАМЕ ЗА ДА ПОСТОИ

-Конструкција
-Осветлување
-Дизајн

-УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
-ДЕКОРАТИВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ОСВЕТЛУВАМЕ ЗА ДА ТРАЕ ВЕЧНО

Дизајнираме за да го разубавиме просторот во кој живееме

“Код инженеринг” дооел се занимава со производство и услуги во областа на електирично осветлување и лесни метални конструкции. Компанијата е специјализирана за проектирање и целосно изведување на надворешно осветлување и електрични инсталации, а располага и со широка палета производи од сопствено производство.

Производи од сопствено производство

Располага со широка палета производи од сопствено производство, како: столбови за улично и декоративно осветлување, фенери во различна големина и дизајн, канделабри и арматури за живино осветление, КП-ормани и бродски армартури.

Компанијата по нарачка произведува и делови од алуминиум, месинг, салумин...

Во доменот на услугите, фирмата проектира, изведува и одржува осветлувања, електрични инсталации и лесни конструкции.

Понуда на услуги

Од 1999 година машинскиот парк се збогатува со два нови универзални струга и глодалка, стабилни дупчалки, апарати за точкасто заварување, електрични апарати за електролачно и СО2 заварување, машина за праволиниско и кружно сечење и машина за свиткување лимови, циркулар за асфалт и бетон, електропневматски чекан и агрегат за струја.

Во текот на 2001 година се проширува машинскиот простор со нови 150м2 во кои се издвојува одделот за машинска обработка, додека линијата за монтажа останува на почетните 100м2. Се уредува и магацински простор од 70м2.

Сигурни во однос на квалитетот

Код Инженеринг ги има имплементирано системот за квалитет ISO 9001, системот за заштита на животна средина ISO 14001 и системот за безбедност и заштита при работа OHSAS 18001.

Во вкупната активност Код Инженеринг користи материјали со атест за квалитет, спроведувајќи етапни и финални контроли на квалитетот на производите и извршените услуги.

Фирмата постојано работи врз развојот човечките ресурси и денес располага со обучени и квалитетни металостругари, електроинсталатери, електроничари, економисти и машински и електро инженери. Производството започна со изработка на арматури за живино осветлување и улични канделабри, за кои е добиен атест за квалитет од Рударски институт - Скопје.

Воведена е линија за фенери и за производство на модерни канделабри за улично осветлување. Следниот чекор во развојот беше производството на челични столбови за улично и декоративно осветлување, со различни сегменти и дизајн.

Паралелно, се развива и производството и монтажа на челични и бетонски анкери за столбовите, како и одделни громобрански инсталации. Големата флексибилност на асортиманот на елементи за електрично осветлување, проектирањето и изведбата со светилки од сопствено производство, но и од светски производители овозможува клиентите на Код Инженеринг да се чувствуваат сигурни во однос на квалитетот, роковите на изведба и прифатливоста на цените.

Кратка референтна листа на која сме горди

Како позначајни проекти и референци на Код Инженеринг се учествувото во изведбата на електричното осветлување на улица “Максим Горки”, новата пешачка зона од плоштадот Македонија, дел од кејот на реката Вардар, надворешниот дел од тврдината во Охрид, централните општински подрачја во Велес, Богданци, Штип, Облешево, Чашка, Градско, Конче, Дебар, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Куманово, Скопје (Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Шуто Оризари), како и бројни индустриски објекти и приватни куќи.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка

Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи