Инен-декор


  • Адреса: Индустриска Зона б.б.
  • Место: Крушево
  • Оддалеченст: ≈7884 км
  • Локација: пред село Алданци

  • Телефон 2: 048 457091
  • Факс: 048 457091
  • Работно време: Пон - Саб од 07:00 до 15:00



Фото и видео галерија

ИНЕН ДЕКОР е претпријатие за производство на градежна столарија од дрво. Тоа е основна дејност според класификацијата на претпријатија по дејности и е распоредено во рангот на мали претпријатија.

Производи:
• Прозорци
• Терасни врати
• Влезни врати
• Собни врати
• Гелендери

Градежната столарија по стандардни и вонстандардни мерки земени на објект, е изработенa по најновите стандарди за термо систем со меки линии. Заштитата на дрвото се врши со еколошки бои и лакови, полиуретански лакови или друга заштита во зависност од желбата на нарачателот. Квалитетот, навремено изведување на работите, целосна одговорност, гаранција за секој производ се главните карактеристики на нашето претпријатие.

Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозорци и врати во стилот на старата македонска архитектура, но во термо систем. Многу значајни објекти во стариот дел на Охрид заштитени како културно наследство - куќите на Уранија, Робевци, Узунов..., во Битола на Широк сокак, конаци во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Наум, Стара На-ма а сегашна Експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, Музејот на НОВ во с. Смилево, Куќата на Бинка во Крушево, објекти во Мала Преспа - Грција, се опремени со наша дограма и ентериерно уредување.

Како занаетчиски дуќан за прв пат почна да работи летото 1972 година со една комбинирана дрвопреработувачка машина и ситен алат во една мала работилница од само 16 м2. Со голема упорност и залагање веќе во 1993 година се регистрира како приватно претпријатие, со модерни машини, повеќе вработени и работна просторија од 50 м2, за да се прошири во работилница со 500 м2 покриен простор во 2000 година. Денес ИНЕН ДЕКОР располага со 800 м2 работен простор, сопствена сушара за дрво, складишен простор за сушена граѓа, целосно обновен машински парк, современа лакирница, и понатаму го следи трендот за развој и модернизација во склад со европските стандарди. Долгогодишното искуство допринесе да можeме да изработуваме квалитетни производи во сериско и вонсериско производство. Како подизведувачи учествуваме на повеке тендери за опремување на згради во и надвор од Македонија. Мотото за квалитет и навремено извршени договори се наш двигател. Отворени сме за соработка со градежни фирми и индивидуални инвеститори.

За секој производ гарантираме за квалитет.
Отворени сме за соработка и остварување на Вашите желби и идеи.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи