Индустри Сервис


  • Адреса: Ул.1641 32
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7428 км

  • Телефон 2: 02 2401200
  • Факс: 02 2401199
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 15:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1636363007_8.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Индустри Сервис е прва специјализирана компанија во Македонија која спроведува комплетни решенија за организирана колективна исхрана и индустриски кетеринг, како сервис наменет за потребите на компаниите што обезбедуваат оброк за своите вработени.

Дејност и услуги

Индустри Сервис својата дејност ја извршува во три смени, 365 дена во годината.
Како оператор со храна, реализацијата на услугата- испорака на комплетен мени оброк, можеме да ја понудиме на неколку начини зависно можностите и потребите на клиентите:
1. Подготовка на оброците во склоп на објектотот на клиентот, доколку клиентот поседува сопствена кујна и нивно послужување на во рамки на кантината.
2. Подготовка на оброците во нашата Централна Кујна во Скопје, нивна дистрибуција до локацијата на клиентот и соодветно послужување.
3. Достава на пакувани оброци во сертифицирана амбалажа за еднократна употреба.

Нашиот професионален тим може да Ви понуди:

• Развој и имплеметација на идејно и проектно решение за организација на современа кантина (кујна, магацински простор и трпезарија) со спецификација на потребната опрема за нејзино непречено функционирање.
• Изработка на комплетен елаборат со нормативи на производи и потребни биолошки калорични вредности.
• Инвестирање во целосно опремување на кујната.
Капацитет и опременост
Технолошкиот процес за подготовка на храна се спроведува во најсовремени санитарно – технички услови за работа, согласно добрите производствени и хигиенски практики и барањата на HACCP системот за безбедност на храна.
• Нашата Централна Кујна во Скопје е со дневен капацитет за подготовка на повеќе од 10.000 оброци, односно преку 2.000.000 оброци годишно. Имплементираните напредни угостителски решенија и технолошки иновации за подобрување на квалитетот и безбедноста на храната ја прават оваа кујна најголема и технолошки најсовремена во регионот на Западен Балкан.
• Имплементацијата на најиновативниот процес на готвење VarioCookingCenter како и Rational SelfCookingCenter од реномираната германска компанија Rational International AG обезбедува богата заддршка на хранливите материи во оброците кои се подготвуваат со 80% намалена употреба на масло за готвење.

Сертификација

Индустри Сервис во целост ги применува и исполнува условите на стандардот за квалитет и безбедност на храна - ISO 22000 и за истиот поседува соодветна меѓународна сертификација во секоја подружница.
Нашата компанија го има сертифицирано и Системот за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018 и HACCP Системот, преку меѓународно акредитирано сертификациско тело.

Сите прашања и информации, како и да побарате понуда може да не контактиурајте не на телефоните 02 2401500 и 02 2401200.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи