Халк осигурување - дирекција


  • Адреса: ул.1737 бр.32-1/45
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7852 км
  • Локација: палата ЗУМ

  • Телефон 2: 02 3122385
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

ЗА НАС


Не знаеме што не чека зад аголот. Но знаеме дека одлуките што ги носиме денес можат да бидат клучни за нашиот живот утре. Со осигурителните полиси на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје заштитите се од ненадејни невољи - Вие, семејството, бизнисот и предметите што ги сакате... Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје е компанија за неживотно осигурување со постојан раст, присутна на македонскиот пазар од 2007 година Нудиме квалитетни продукти и високи стандарди во комуникацијата со клиентите - индивидуалци, мали и средни претпријатија и институции. Се стремиме кон зголемување на нашето присуството на пазарот, постојано адаптирајќи ја понудата кон динамиката на живот и работа во Македонија. Стручноста на преку 100-те вработени се рефлектира низ услугите и осигурителните решенија прилагодени кон потребите на секој клиент, конкурентни, применливи, ефикасни и исплатливи. Негувајќи култура на доверба и успех, ние во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје секогаш сме им посветени на осигурениците, унапредувајќи го угледот и растот на компанијата. Илјадници клиенти се уверија во ова и одлучија со нас да градат партнерски односи, на долги патеки... Сакаме во овие несигурни времиња да им помогнеме на луѓето да ја разберат потребата и да се заштитат од ризици - себеси, семејството, имотот и работата. Сакаме да Ви помогнеме да живеете барем со една грижа помалку. Затоа, осигурете ја својата иднина... уште денеска! Седиштето на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. е во Скопје, но дејствуваме низ цела Македонија преку подружниците во 20-тина градови. Нашите осигурителни продукти се нудат и преку брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички агенции во земјата.



ВРЕДНОСТИ И ЗАЛОЖБИ НА ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ


Интегритет: фокусираност кон клиентите со отворен, искрен и фер однос. Доследна примена на законската регулатива, прописите и внатрешните правила. Отворени кон промените: за да бидеме успешни постојано се развиваме и прифаќаме промени. Ги слушаме реакциите на нашите осигуреници и секогаш сме отворени за искрен дијалог. Професионалност: гарантираме дека секогаш ќе наидете на стручен, а истовремено топол пристап во контактите со нашата компанија на сите нивоа. Се стремиме кон највисок квалитет и постојано унапредување во се што работиме. Тимска работа: функционираме како еден тим…како еден ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. Скопје! Ги вреднуваме разноликоста и талентот на нашите вработени и инвестираме во нивната обука. Сфаќаме дека нашиот успех се должи на искуството и знаењето внесено во комапнијата од секој член на тимот поединечно. Испорачуваме квалитет: целта ни е секој клиент да добие ефикасна услуга…и нешто повеќе! Тоа е нашата мерка за квалитет. Ги цениме Вашите пари, времето и довербата!

Наши услуги:

- ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ (осигурување домаќинства, пожар и други опасности, осигурување од провала и кражби, осигурување посеви и плодови, осигурување на машини од кршење, осигурување на објекти во градба, осигурување на стакло од кршење, осигурување на животни),

- ОСИГУРУВАЊЕ ВОЗИЛА (автомобилска одговороност,зелен картон, каско, гранично осигурување),

- ОСИГУРУВАЊЕ ЛИЦА (незгода, ученици и студенти),

- ОСИГУРУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ (професионална дејност - ревизори, судски вештаци, туристички агенции, одговорност при транспорт на отпад, при складирање и управување со отпад, одговорност за сметководители, одговорност за градежни работници).


повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи