Gulf Oil


  • Адреса: бул.8-ми Септември (Октомвриска револуција) 20/И-ДП1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈10682 км


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1577695585_32.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Брендот Gulf Oil повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд, етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти каде ја има довербата на милиони клиенти низ светот. По отворање на првата бензинска пумпа во Питсбург, САД во 1913-та година, Gulf Oil под мотото: „Квалитет - Издржливост - Страст“, станува најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила.

Во својот развој компанијата за свој симбол го одбира карактеристичниот портокалов диск, кој и ден денес сè уште претставува дел од логото на Gulf, како глобален синоним за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност.

Благодарение на целосната посветеност кон своите клиенти, инвестирањето во развојот и инфраструктурата, кога голем дел од останатите компании се фокусирани првенствено на намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста, во 2016-тата Gulf Oil, од страна на Global Energy Oil и Gas Awards е именувана како ”Downstream Oil Company of the Year”. Признание кое само потврдува дека потрошувачите низ целиот свет го добиваат она ниво на услуга и производи кои им се потребни и ги побаруваат.

Потврда дека и шампионите го препознаваат врвниот квалитет на Gulf е партнерството што Gulf Oil International го склучи со еден од најлегендарните тркачки брендови во Формула 1 – Мекларен. Мекларен започна да ги користи моторните масла и специјално дизајнираните горива на Gulf Oil за мотори со високи перфроманси, додека на Формула 1 трката во Монако 2021, Мекларен јубилејно беше целосно обоен во легендарните сино-портокалови тркачки бои на брендот Gulf Oil.

На наше огромно задоволство, брендот Gulf Oil своите врати ги отвора и во Македонија кон крајот на 2017-тата година, со отворање на првата бензинска пумпа на Булеварот Борис Трајковски во Скопје. Развојот продолжува со понатамошно отворање на бензинската во градот Тетово, на автопатот Тетово-Гостивар, на автопатот Е-75 во близина на Неготино и во градовите Струга и Гевгелија.

На потрошувачите им се достапни премиум горивата на светскиот бренд - „Екстрим Дизел“ и „Џи Форс“, кои се резултат на 100 годишното искуство во развојот на технологии на адитиви кои овозможуваат подобрено вбризгување на горивото во моторот, намалување на потрошувачката на гориво и оптимално согорување на горивото. Дополнително на потрошувачите им е достапна палета на високи техонлошки докажани решенија за подмачкување во форма на моторни масла и мазива за комерцијалниот, индустрискиот, земјоделскиот и пловниот сектор, на големо и мало.

Стратегијата на Gulf Oil е да продолжи да се развива како компанија која нуди светски докажани високо квалитетени горива и моторни масла. Нашата цел е да го подигнеме стандардот за квалитет во Македонија и да продолжиме да создаваме лојални и задоволни потрошувачи.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи