Геталдус дирекција

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Македонија 56
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: Кај Камен Мост

  • Телефон 2: 02 3211853
  • Факс: 02 3111718
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 20:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1448529282_54.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Очна Оптика Геталдус е една од најголемите компании во Македонија која врши изработка, поправка и промет на сите видови диоптерски очила за корекција на видот, очила за сонце и контактни леќи од најразлични производители.

Во рамките на своето работење компанијата располага со 14 продажни салони од кои 4 во Скопје, а останатите 10 во сите поголеми градови во Република Македонија (Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Велес, Тетово, Кавадарци, Струмица и Кочани).

Заради посовремен начин на опслужување на потрошувачите, Очна Оптика Геталдус има регистрирано Специјалистичка Ординација по офталмологија-Геталдус така што во рамките на самите продажни салони располага со сопствен доктор специјалист офталмолог или оптометрист каде се врши преглед на очите на потрошувачите и определување диоптријата на очите. Со ваков вид на посовремен начин на опслужување потрошувачите имаат можност на исто место да им се одреди диоптријата на очите со најсовремена опрема (компјутерски) и да им се изработат очила од оптиката на исто место. Ординацијата и Оптиката работаат заедно, така што во колку потрошувачите купат комплетни наочари и контактни леќи, прегледот и одредување диоптрија на видот не се НАПЛАТУВА. Ваков вид на опсложување се врши во сите 4 (четири) продажни салони во Скопје, а надвор од Скопје во Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци и Струмица.

Очната оптика Геталдус е основана во 1959 година чиј пласман претежно е ориентиран во земјава преку продажба на мало. Како резултатот на долгогодишната традиција и високиот квалитет на услуги Очна Оптика Геталдус има изградено бренд на македонскиот пазар. Ваквиот начин на работење и опслужување на потрошувачите Очна Оптика Геталдус А.Д. Скопје ја прави единствена на територијата на Македонија.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи