Гео Инновус


  • Адреса: Владимир Каваев 29/14
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈8144 км


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1647246618_63.png?t=true&w=300&h=300


    Фото и видео галерија

    TRIMBLE СИСТЕМИ ЗА ПРЕЦИЗНО ПОЛЈОДЕЛСТВО

    Портфолиото на производи Trimble Agriculture вклучува цел асортиман на системи и софтвери за прецизно полјоделство. Достапни се решенија за сите фази на полјоделско производство, од сеидба до жетва.

    Зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста, исполнувањето на агротехничките рокови, истовремено намалувањето на трошоците и зголемувањето на приносите стануваат императив. Тоа може да се постигне само со примена на најсовремена технологија, која овозможува навремени одлуки и целосна контрола на земјоделското производство.

    Примарен чекор кон дигитализација за полјоделството е вложување во пакетот на опрема за прецизно полјоделство! Trimble пакетот на опрема го сочинуваат хардверски и софтверски навигациони решенија за современо управување со земјоделскиот имот.

    Каква придобивка имаат полјоделците со вложување во Trimble системите за прецизно полјоделство

    Оваа опрема им помага на полјодлеците да бидат поврзани со своите работни задачи во реално време, и да носат одлуки врз веќе добиени податоци во реално време, што придонесува поголема продуктивност, профитабилност и одржливост. Trimble системите се разликуваат во корекциските сигнали, односно точности кои полјоделецот треба да ги постигне за да ги задоволи своите потреби. Постојат системи за асистирано (мануелно) следење на корекциски сигнали и автоматско управување и следење, преку инсталирање Trimble AutoPilot ситемите, кои самиот систем ги следи корекциските сигнали со RTK точност од 2.5 cm. Trimble Agriculture има решениja кои можат да ги задоволат повеќето потреби на секој земјоделец без оглед на големината на парцелата или брендот на машините.

    1. Голема заштеда

    директни (преку смалување на преклоп и празен простор се добива заштеда од 5-20%, заштеда на гориво, заштеда на инпути, помала амортизација, помали трошоци, заштеда на време, работа без маркирање на терен.)
    индиректни (запазување на агротехнички рокови, работа 24h, минимизирање на грешки при раководење на машината, без губитоци во импути, гориво, време ; прави редови при сеење, помали губитоци при прскање, култивација, жетва; поголема прецизност, без дополнителни прскања и уништување на производот од еколошки аспект; меѓуредна култивација).

    2. Зголемување на принос;

    3. Брз и лесен за работа;

    4. Работа во сите услови на видливост, ден, ноќ, магла;

    5. Нема потреба од маркирање на терен, секогаш истите планирани линии се повторливи;

    6. Зголемување на приход;

    7. ISOBUS технологија, комуникација и контрола, компатибилно со сите приклучни машини со Trimble навигатори.

    Подолу се издвоени линкови преку кои може да се добијат повеќе информации за Trimble Agriculture и неговата апликација во земјоделието заедно со дел кориснички искуства:

    Trimble Guidance and Steering
    Trimble Agriculture - Flow and Application Control
    Trimble Agricultural Solutions
    Digitalizacija na parceli kako resenie na brojni problemi
    Proizvodstvo na morkovi - iskustva od firma Medveđ

    повеќе
    Мапа

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи