Еуромак брокер-дирекција

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Васил Главинов 7-б
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: Веднаш до Шведска Амбасада

  • Факс: 02 3231252
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1553686795_87.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

НОВО!

НИЕ МОЖЕМЕ ДА ГО УТВРДИМЕ И НАПЛАТИМЕ ВАШЕТО ОШТЕТНО ПОБАРУВАЊЕ ОД ДРШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Висината на премијата не зависи од тоа дали осигуреникот користи или не користи осигурително брокерско друштво. Затоа, Брокерот обезбедува комерцијално најповолна премија за осигуреникот во однос на премијата која Осигуреникот ја плаќал на друштвата за осигурување во претходниот период кога не користел услуги од осигурителното брокерско друштво.

Брокерот за осигуреникот и други заинтересирани клиенти, инвеститори, брокерски куќи и други заинтересирани страни, врши

Ревизија на полисата за осигурување

– анализа на важечки полиси за осигурување
– давајќи предлози и препораки за постигнување на подобар квалитет на покриеност во согласност со вашите вистински потреби

Идентификација и анализа на ризик

– утврдување на ризиците на кои сте изложени и го загрозуваат на вашиот бизнис
– изработуваат предлози и препораки за оптимално осигурурително покритие и структура на програмите за осигурување

Договарање на осигурување

– подготвува тендери за прибирање понуди
– подготовка на документација и комуникација / преговори со осигурителни компании со цел да се направи понуда за осигурување
– анализа на понудата и избор на најповолна понуда во однос на осигурителното покритие. Многу важен критериум е често не само цената на осигурување (премија), туку и условите на осигурување и финансиска моќ на осигурувачот
– контрола на издадените осигурителни полиси и нивна администрација

Следење на скаденци по полиси и обнови на полиси

– се грижи за полисите за осигурување и за нивно навремено обновување
– договор со клиентот за обнова на полисите

Помош за решавање на барања за оштета

– помош во решавањето на оштетни побарувања
– пријава на оштетни побарувања
– собирање на документација
– следење и реализацијата на оштетите

Обезбедување професионална помош во текот на траењето на осигурувањето

Професионална помош во вид на совети:

– за осигуреникот и другите клиенти , да управуваат со ризици при склучување договори со друштва за осигурување за да ги дефинираат барањата за потребното осигурување
– при склучување договор со друштва за осигурување, толквуање на одредбите од договорите во врска со потребното осигурување

Обезбедување на независни и објективни советодавни услуги

– услугите на независни и објективни совети за прашањето за осигурување, пазарот на осигурување, информации за сите видови на осигурување и нови осигурителни производи

За мултинационални – регионални компании со седиште во Македонија , нудиме услуги за креирање мултинационални програми

– Креирање на осигурителна програма за македонските регионални компании
– Оптимизација на покриеност и премии во сите земји каде што осигуреникот, клиентот, има ќерка, подружници и претставништва, земајќи ги во предвид складноста со важечките локални прописи и закони
– Обезбедување на осигурување за таквата изложеност со водечките европски осигурителни компании кои имаат искуство со осигурување мултинационални програми, каде што изборот на осигурениците се зема во предвид покритијата и лимитите, регионалното присуство, мултинационални искуство, угледот, цена и вкупната вредност кои осигурувачот може да ги обезбеди.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи