Еуро чист груп

Wi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: 11-ти Октомври 86 лок.17
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7426 км
  • Локација: Кај Тутунски комбинат

  • Телефон 2: 078 286529
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1499756272_24.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Компанијата ЕУРО ЧИСТ е основана во 2008 година со примарна цел за постоење на прв сервис во Македонија за високопрофесионално машинско чистење на разни видови на теписи и теписони. Предводени од мотото “живеј чисто” раководниот тим дојде на бизнис идеја за проширување на дејноста, преминувајќи во професионален сервис за чистење и одржување на хигиена на станбени и деловни простории ЕУРО ЧИСТ ГРУП ДООЕЛ.

Со задоволство Ви ја претставуваме понудата за чистење и одржување на хигиена во деловни и станбени простории. Оваа понуда ја потенцира способноста и искуството на ЕУРО ЧИСТ ГРУП ДООЕЛ во однос на барањата на клиентите.
Главните “виновници” за се да изгледа беспрекорно чисто и сјано се:
Нашите клучни членови на тимот заедно носат богатство на искуство во чистење и одржување на хигиена на станбени и деловни простории на голем бројинституции.
Тимот на вработени кој го сочинуваат млади, стручни и професионални кадри, обучени и квалификувани за било каква работа од областа на хигиената, како и менаџерски тим составен врз основа на наша интерна систематизација.

Зошто да не одберете токму нас?
• Целосно сме посветени кон работата, се прилагодуваме на Вашите потреби и барања
• Ви нудиме комплетен спектар на услуги;
• расположливост на експерти и совети за тековно оджување на хигиената во Вашите простории
• обезбедување на квалитетна услуга за надомест, за кој сметаме дека претставува одлична противвредност за услугата што се добива
• Постојано сме во контакт со Вас-клиентите (лице в лице, телефонски, електронски или на организирани состаноци);
• Ви гарантираме долгорочна, дискретна и успешна соработка;
• целосна доверливост во сите аспекти на работењето помеѓу ЕУРО ЧИСТ ГРУП ДООЕЛ и клиентот

ШТО ГО ПРАВИ НАШЕТО ЧИСТЕЊЕ РАЗЛИЧНО ОД ДРУГИТЕ?
• Луѓето кои стојат позади процесот
Нашето чистење е нешто повеќе од сет на процедури. Вам Ви требаат вистинските луѓе за да бидете сигурни дека тие постапки се применуваат наменски.
Ние веруваме дека тоа сме ние-тимот на ЕУРО ЧИСТ ГРУП ДООЕЛ, затоа што можеме да направиме разлика што е добро, а што не, затоа што нашите вработени и тимот на управители многу детално ги анализираат сите прашања во врска со предметот на чистење.
• Ние никогаш не мируваме
Како што се менуваат и развиваат технологиите на чистење така и ние ги менуваме нашите методи. Ова значи дека ние постојано го преиспитуваме нашиот пристап, за да нашето чистење биде во согласност со стандардите.
• Посветеност во работата и комуникацијата
Ние сме посветени во работењето. Ние редовно ќе бидеме во контакт , без разлика дали е лице в лице, телефонски или на организирани состаноци. Ние навремено ќе Ви одговориме и ќе бидеме подготвени за Вашите прашања. Планот за комуникација е важен. Ние ќе го изготвиме и иститот ќе го потврдиме со Вас, како би можеле да знаете што да очекувате и во кој период. На тој начин ние сме сигурни дека ќе Ви обезбедиме се она што Ви е потребно, а притоа нема да имате било какви изненадувања во последен момент.
• Вие преферирате искуство
Нашиот тим вклучува професионалци кои имаат долгогодишно искуство како хигиеничари со одлично познавање и разбирање на работата. Ние сакаме да бидеме поим за хигиена и Ваша потреба за да се справите со нејзино одржување.

НАШИ УСЛУГИ
ЕУРО ЧИСТ ГРУП ДООЕЛ нуди професионални услуги на чистење по пристапни цени. Во понудата подолу се наведени дел од нив:
• Чистење и тековно одржување на деловни, индустриски, угостителски, спортски и други видови објекти,
• Машинско чистење и полирање на секаков вид подни површини (тврди и меки);
• Генерално чистење и тековно одржување на куќи, станови;
• Длабинско хемиско чистење на секаков вид тапациран мебел;
• Хемиско чистење на автомобили, автобуси, детски седла и колички
• Чистење на достапни и тешко достапни стаклени површини;
• Исфрлање на шут и генерално чистење на сите видови објекти по изгадба;
• Чистење и тековно одржување влезови на згради за домување,
• Перење на вариолајт и венецијан завеси;
• Чистење базени,
• Чистење и одржување дворови и тревни површини,
• Чистење паноа и расветни тела на плафони и ѕидови;
• Генерално чистење објекти по пожар, поплава;
• Испумпување (усисување) на вода од поплава и комплетно чистење;
• Чистење и исфрлање на шут од подрумски простории и гаражи
• Чистење фасади;
• Молеро-фарбарски услуги

Се надеваме дека понудава излегува во пресрет на Вашите барања и ги задоволува Вашите потреби. Доколку е така веднаш контактирајте не и со задоволство би дискутирале подетално за начинот на извршувањето на секоја услуга поединечно.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи