Енергомонт


  • Адреса: бул.3-та Македонска Бригада б.б.
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈8150 км
  • Локација: стар Аеродром, после Раде Кончар кај Тинекс

  • Телефон 2: 02 2443878
  • Факс: 02 2443877
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1626078229_05.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

АД ЕНЕРГОМОНТ СКОПЈЕ е правен наследник на МИП Единство која произлезе од поранешен Радиатор уште во 1967 година.

Во 1974 година го смени името во МИП ЕНЕРГОМОНТ СКОПЈЕ.

Фирмата МИП ЕНЕРГОМОНТ Скопје направи интеграција со М.З.Тито-Скопје во 1988 година.
Во 1991 година М.З.ТИТО се трансформира во Холдинг со повеке друства од кое произлезе и АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје како посебен субјект односно наследник на поранешен МИП ЕНЕРГОМОНТ.

Додека АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје работи и функционира како посебно претпријатие односно правен субјект кој е приватизиран 100% од вработените со откуп на капиталот.

Моментално во АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје се вработени 49 работника, и тоа исклучиво високо квалитетен стручен кадар од инженери, техничари и квалификуван и високо квалификуван кадар за оваа бранша.
Од основниот капитал располага со деловен простор: станбена зграда, бараки и магацински простор на ул.Трета Македонска Бригада ББ, Скопје, како и сопствен возен парк.

Основна дејност на АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје е изведување на атмосферска и фекална канализација, внатрешен и надворешен водовод со санитарни уреди, системи за водоснабдување со сите пратечки градежни објекти на населени места со пумпни станици и резервоари и хидрофорски построенја, како и топловодни канали, подстаници,и инсталација за внатрешно греење.
Во нашата фирма постои и посебна Е.Е. за изведба на електроинсталации.

Во тековното работење на АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје има изведено огромен број на објекти во земјава и странство, а ке ги наброиме позначајните.

Голем број на станбени објекти во Скопје и др.градови низ Републикава и поранешна СФРЈ, како и странство во Германија, Чешка, Русија, Ирак и Италија.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи