Еду Софт

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Филип Втори Македонски (Стив Наумов) 11-1/1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7852 км
  • Локација: помеѓу стоковна Илинден и 8-ми Март

  • Телефон 2: 02 3128462
  • Факс: 02 3127323
  • Работно време: Пон - Пет од 09:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1580892164_23.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Еду Софт е професионална софтверска компанија која што е специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации.

Нашите услуги покриваат целосен циклус на развој и имплементација на софтвер:
• Прилагоден развој на софтвер
• Развој на софтверски продукти
• Аутсорсинг
• Одржување и поддршка
• Технолошки консалтинг

Основанa во 1990 година во Скопје, Република Македонија, Еду Софт постојано произведува високо квалитетен софтвер развиен со помош на софистицирани технологии кој работи на различни платформи. Базата на нашите корисници ја надминува бројката од сто компании, од мали до големи бизниси како и владини институции. Компанијата поседува силно знаење и искуство во обезбедувањето на софтверски услуги во индустријата, финансискиот сектор, осигурителниот бизнис, правосудството, ветеринарството, инженерството, градежништвото и др.

-Главните вредности на Еду Софт
Квалитет на нашите продукти и услуги.
Ние тежнееме кон производство на софтвер со највисок квалитет кој ќе биде достапен насекаде во индустријата.

-Задоволство на корисникот
Нашите клиенти се фокусната точка на нашиот софтверски развој. Ова е потребно за да се максимизира корисноста на софтверот кој го создаваме. Одличната комуникација е потребна за успехот во напорот за развој на софтверот. Се стремиме да изградиме тесни деловни односи со нашите клиенти пред, за време и по развојот на софтверот. Со гордост го поддржуваме нашиот софтвер, со желба да го максимизираме задоволството на нашите корисници со софтверот што го создаваме за нив.

-Постојано подобрување
Софтверската индустрија е преполна со технологија. Многу индивидуални технологии се широки во опсегот и богати во карактеристиките. Од суштинско значење е овие технологии постојано да се изучуваат, секогаш тежнеејќи кон совршени вештини во тие области. Исто така, потребно е напоредно да се следат новите идеи, алатки и техники. Ние во Еду Софт го препознаваме ова и постојано работиме на зголемување на длабочината и широчината на нашето знаење и вештини за развој на софтвер.
повеќе
Цена со ДДВ:Побарај цена

E-Insure


Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи