Дени интернационал

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi Зона

  • Адреса: ул.34, нас.Илинден 22
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7208 км
  • Локација: нас.Илинден,спроти Белви, до Автомакедонија

  • Телефон 2: 02 2581750
  • Факс: 02 2581710
  • Работно време: Пон - Саб од 08:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1413974614_02.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Организацијата Дени Интернационал e специјализирано претпријатие за организирање на меѓународен транспорт на стоки во друмски сообраќај.

Специјалност ни е збирниот транспорт од и до сите дестинации во Европа, а нудиме и поединечен транспорт. Располагаме со комплетно ЦМР осигурување и 24 часовна комуникација со возилата каде и да се наоѓаат. Веќе долго време успешно соработуваме со најголемите светски шпедитерски куќи.

Денес во склоп на организацијата функционираат и:
• Јавен Царински склад;
• Царински Извозен Терминал
• Шпедиција
• Оддел за комплетно опремување на складиштен простор со сталажи, виљушкари и машини за чистење.

Даваме совети и упатства до нашите клиенти за правата и обврските во врска со царинските прашања. Максимално се ангажираме за брзо завршување на царинските формалности, се со цел нашите клиенти побргу да располагаат со сопствената роба.

Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба(палетизирана/непалетизирана, опасни материи-АДР и.т.н). Складот се простира на 6500 м2 отворен и 4625 м2 затворен простор. Нудиме можност за складирање, препакување и етикетирање на различни видови роба и нејзина достава до било која крајна дестинација во регионот и пошироко.

Организацијата Дени Интернационал е основана во 1991 год. Со тек на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Нашата мисија и главна определба е задоволување на потребите и очекувањата на нашите деловни партнери и клиенти преку обезбедување на квалитетна услуга која е во согласност со стандардот за квалитет ИСО 9001:2000 кој Дени Интернационал го има усвоено.

Нашиот професионален тим е на располагање на клиентите 24/7.

повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи