Дарис Инженеринг

Достапен интернетWi-Fi Зона

  • Адреса: Алексо Демниевски 7
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7419 км

  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1418911457_1.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје е реномирана компанија препознатлива на пазарот во Македонија и пошироко по извонредниот квалитет на производи и услуги кои ги нуди во повеќе индустриски гранки.

Компанијата е етаблирана со препознатлив квалитет во областа на проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи од следните области:
- сопствено производство на громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) тип ВЕДА ТОТАЛ;
- изведба и контрола на системи за громобранска заштита;
- стручна техничка помош за демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ);
- заземјувачки системи;
- антикорозивна катодна заштита - изведба, сервис и контрола;
- фотоволтаични системи за електрично напојување (островски и вмрежени);
- системи за автоматско управување;
- електрично осветление;
- осветление со дневни светилки без електрично напојување;
- контактно и бесконтактно мерење температури во индустријата;
- системи за детекција на гасови;
- изведба на електрични инсталации во експлозивна (Ех) изведба;
- „паметни“ електрични системи и инсталации;
- специјални електрични системи на барање на клиентите;
- мерни инструменти за електрични и неелектрични големини;
- овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, шелни, држачи и слично);
- изработка на проекти, студии и стручни извештаи.

Компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје со гордост може да се пофали со реномето на најголемо кумулативно искуство на својот персонал и стручните соработници со произведени, проектирани, инсталирани и контролирани системи за громобранска заштита, радиоактивни громобрани и громобрански фаќачи со уред за рано стартување кај околу 500 громобрански системи во Република Македонија.Целокупното производство и понудените услуги на компанијата се унифицирани со процедури сертифицирани согласно стандардот ISO 9001:2008. За сите понудени производи и услуги компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје на своите клиенти и соработници им нуди беспрекорна постпродажна стручна техничка поддршка, наменски обуки и сервис.

Мисија на компанијата е постојано проширување на асортиманот на сопствени производи и услуги, при што тоа задолжително да се работи најпрофесионално и навремено. На клиентите да им се нудат и испорачуваат производи и услуги со врвен квалитет и високоефикасни системски решенија со најнова технологија и автентичен know-how. Целокупното работење на компанијата да се извршува флексибилно и прилагодено согласно најпребирливите барања на клиентите.

Громобранот ВЕДА ТОТАЛ веќе една година е влезен во сериско производство. Тој се произведува во Република Македонија и претставува 100% Македонски производ. Производството е сертифицирано според стандардот ISO 9001. За период од само една година се испорачани или монтирани над 20 громобрани од овој тип на повеќе значајни стопански објекти во Република Македонија. Искуството покажа дека квалитетот и работењето на громобраните ги потврдуваат проектираните карактеристики, а интересот за овој производ ги надминува сите очекувања.

Во изработка е компјутерска CAD/CAE графичка апликација за проектирање громобрански инсталации (на Македонски јазик и прва во светот од овој вид).
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи