Блиц Гард


  • Адреса: Војвода Васил Чакаларов 41/1
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7851 км


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1615902185_19.png?t=true&w=300&h=300


    Фото и видео галерија

    БЛИЦ ГАРД ДООЕЛ Скопје е компанија специјализирана за проектирање и изведба на инсталации за громобранска заштита, заземјување и заштита од пренапони. Покрај овие дејности нашата компанија се занимава и со трговија на високо квалитетни сертифицирани германски елементи за громобранска заштита.

    Основна дејност:

    -Изведба на системи за громобранска заштита од конвенционален тип.
    •Фарадеев кафез
    •Франклинови прачки
    •Изолирана громобранска заштита

    -Изведба на системи за громобранска заштита со громобрански фаќач со уред за рано стартување.

    -Изведба на заземјувачка инсталација како темелен заземјувач

    -Изведба на заземјувачка инсталација со длабоки вертикални иноксни сонди до 15 метри вертикално, машинска монтажа.

    -Заштита од пренапони, арестори со висок квалитет со примена и во домаќинства, комплексни индустриски објекти, електроенергетски постројки (фотонапонски централи, хидроцентрали)

    -Трговија со громобранска опрема, со широк спектар на елементи во оваа област.

    -Проектрирање

    -Обуки

    Квалитет:

    Единственото нешто за кое нема компромис е квалитетот. Сите наши производи се пропратени со десет годишна гаранција и сертификати за истите.

    Сите од нас понудени проектни решенија, изведби и елементи за громобранска заштита одговараат и се во согласност со најстрогите европски стандарди и барања во оваа област т.е ЕВРОПСКИОТ СТАНДАРД EN 62305 и ФРАНЦУСКИОТ СТАНДАРД NF 17-102, кои се активни и во Р.Македонија.

    Блиц Гард е иноватор во промовирањето на најновите и најквалитетни инсталации за громобранската заштита, со што воедно го остваруваме и позитивниот биланс цена-квалитет.

    Преку имплементирање на нашите елементи кои се изработени исклучиво од нерѓосувачки челик, топлопоцикован челик и алуминиум, приденесуваме громобранските инсталации да станат соодветни на европските инсталации со долготрајна функционалност и отпорни на сите атмосферски влијанија. Исто така естетски прикладни ,без механички оптеретувања на објектите и лесни за монтажа.

    Техничкиот тим е составен од високо образован кадар, составен од машински и електро инженери, со извршени обуки во европските земји и целосно запознаени со оваа материја.

    Од нас понудените громобрански и заземјувачки инсталации, не се со единствената цел исполнување на законскиот пропис на вашиот објект. Инсталациите се гарант за вашата физичка и материјална безбедност.

    Ние сме гарант на многу објекти во Р.Македонија, дозволете ни да ја гарантираме и вашата безбедност.

    Генерални претставници на:

    J. Pröpster – Германија, еден од најголемите производители на елементи во областа на громобранската заштита, за територијата на Р.Македонија,
    Р.Албанија и Р.Косово www.proepster.de.

    GROMOTECH – Полска, производител на громобрански фаќачи со уред за раностартување и целосна пропратна опрема www.orw-els.com.

    TSTLP/SMT-ESE – Кина, производител на громобрански фаќачи со уред за раностартување и целосна пропратна опрема www.tslpro.com.

    Блитц Гард ООД - Р.Бугарија е лидер во областа на громобранската заштита на територијата на Р.Бугарија, со повеќе од 15 годишно искуство.

    ПРОЕКТИРАЊЕ

    За сите наши потенцијални клиенти, физички лица или правни субјекти изработуваме детален проект, пропратен со предмер на елементи или ги прилагодуваме постоечките проекти на нашата опрема, согласно активните прописи, стандарди и норми во оваа област.

    МОНТАЖА

    Професионална монтажа на секаков тип на објекти. За секој објект нудиме соодветното решение.

    Главни предности се :
    -Безболна и брза монтажа (без дупчење)
    -Елементи кои се прилагодливи на секаков тип на конструкции
    -Монтажа со најсовремени алати и опрема
    -Применување на сите безбедностни мерки за заштита при работа

    Мерење и сертификати од акредитирана лабораторија за следните сектори:

    1. Инспекциски услуги согласно стандардот MKS EN ISO/IEC 17020:2012
    •Нисконапонски инсталации, заземјување и громобранска заштита
    •Електроенергетски постројки, електрични производи и уреди

    2. Електрични мерења на нисконапонска и високонапонска опрема и инсталации
    •Испитување на отпор на заштитен струен круг и струја на грешка
    •Отпор на заземјување
    •Громобранска заштита
    •Мерење напор на чекор, напон на допир и одредување на еквипотенцијални линии
    •Мерење на статички електрицитет
    •Мерење на електростатски под
    •Испитување на заштитни FID склопки
    •Испитување на отпор на изолација и електрични кабли
    •Електромагнетни и електростатски испитувања
    повеќе
    Мапа

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи