Бис Инженеринг

Wi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Никола Парапунов 41
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7421 км

  • Телефон 2: 02 3123848,3113701
  • Факс: 02 3123848
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00



Фото и видео галерија

Бис Инженеринг е компанија која е фокусирана на изнаоѓање решенија во автоматизација на процесите кои им помагаат на клиентите во зголемување на продуктивноста, сигурноста на работењето, намалување на човечкиот фактор, лесна дијагностика и одржување.

Услуги:
• Проектирање
Идејни и главни проекти за автоматизација на производствени процеси, компјутерски системи за надзор и управување, нисконапонски електрични мрежи (0.4 kV), сигнализација, осветлување, инсталации во електро енергетски објекти, згради и други објекти.

• Производство
Изработка на ормари за контрола, управување и заштита, ормари за надзор и управување на производствени процеси во индустрија, разводни ормари за напојување, инсталациони нисконапонски ормари.

• Реализација
Автоматизација на индустриски процеси, реконструкција на дистрибутивни и индустриски трафостаници.

Бис Инженеринг е формирана во 1990 година. Компанијата ја темели својата работа на користење и соработка со познати светски компании производители на опрема, интегрирајќи ја во своите инженеринг проекти. Поседува лиценца А за проектирање, лиценца Б за изведба, лиценца Б за ревизија и лиценца Д за надзор.

Со придржување кон принципите на висока професионалност како во набавката така и во имплементацијата на новите производи, на нашите партнери им пренесуваме технологија и информации, со чија помош тие секогаш имаат предност на пазарот.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи