Радиус (100км)

Билна аптека-Алкалоид


  • Адреса: 11-ти Октомври 46
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈9158 км
  • Локација: стара рампа, спроти Кјуби и УЈП

  • Факс: 02 3237975

Слика од локација

Фото и видео галерија

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои произлегуваат од неа.

Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити.

Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.
повеќе

Постови

Timeline Photos

Почитувани, утре (01.03.2014, сабота) и задутре (02.03.2014, недела) GOOD NATURE промоциите ќе се од ...

Timeline Photos

Почитувани, утре, GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Тетово и Куманово, и тоа: П ...

Timeline Photos

Почитувани, утре, GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Скопје, и тоа: TINEX (Млече ...

Timeline Photos

Почитувани, утре и задутре, GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Охрид и Струга, и ...

Timeline Photos

Почитувани, утре, GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Скопје, и тоа: TINEX (Ѓорче ...

Timeline Photos

Почитувани, утре и задутре, GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Прилеп и Битола, ...

Timeline Photos

Ве покануваме на забавно и корисно предавање за билки. Послушајте ги советите од нашите експерти и п ...

Timeline Photos

Почитувани, утре GOOD NATURE промоциите ќе се одвиваат низ маркетите во Скопје, и тоа: ВЕРО 9, ТИНЕК ...
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Логираните корисници користат бенефити од купони за попуст, контакт со бизниси, листа на омилени места, коментари, оцени и друго.

Корисничко име:Лозинка:


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи