Би-мек

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Јуриј Гагарин 31-б
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7423 км
  • Локација: меѓу министерство за економија и салон 29, спроти веро тафталиџе


//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1487686081_76.gif?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Би-МЕК e овластен дистрибутер на многу светски познати и реномирани производители на медицинска опрема и предиктивни тестови.

Вредностите на кои се темели нашиот континуиран успех се квалитет, услужност, доверба и разбирање на потребите на нашите клиенти

· традиција од над 15 години
· продажба, инсталација, едукација и сервис на квалитетна медицинска опрема
· високо едуциран кадар
· авторизиран претставник за продажба и сервис за врвни брендови
· комплетно технолошки сервисен оддел за детекција, дијагностика и санација на дефекти
· квалитетна услуга во согласност со меѓународниот стандард ISO 9001:2008

Медицинска опрема

Кај нас можете да најдете висококвалитетна софистицирана медицинска опрема за различни специјалности:
- Општа медицина- целосно опремување на Вашата ординација ( медицински мебел, егзаминациони кревети, болнички панели, паравани, инфузионен сталак, егзаминациони мобилни лампи, столче на вртење, колички за терапија, кревети за интензивна нега, аспиратори и инхалатори, стетоскопи, отоскопи, офталмоскопи, дијагностички сетови, негативоскопи, стерилизатори, инструментариум)
- Гинекологија ( Ехо апарати за гинекологија, колпоскопи, кардиотокографи (ЦТГ), гинеколошки столови: механички и електрични, породилни столови, аспиратори за вакум пораѓање, аспиратори за утерина аспирација
- Кардиологија (Дијагностика на Sleep Apnea, доплер за васкуларна дијагностика, EKG длектрокардиографи, EKG холтер, холтер за крвен притисок, колор доплер ултразвучни апарати, стрес тест
- Ендоскопија ( фиберендоскопија, видеоендоскопија, HD line ендоскопија, флуоресцентана видеобронхоскопија, ултразвучна ендоскопија, конфокална ендомикроскопија)
- Педијатрија и неонатологија (Апарати за општа дијагностика, педијатриски и неонатолошки, стетоскопи, браинстем аудиометрија, неонатални инкубатори, транспортни инкубаториуи
и друга опрема за интензивна нега, радиологија, анестезија, ургентна медицина, радиотерапија и онкологија.

Производи за поддршка при доење- Медела

Основана во 1961 година во Швајцарија, Медела е лидер на производи за поддршка при доење кога станува збор за квалитет и удобност во над 90 земји ширум светот. Медела работи со искусни медицински професионалци и постојано ја унапредува соработката со универзитети, болници и истражувачки институции во светот со што се стекна со бројни награди за своите производи. Сите производи на Медела се резултат на долгогодишни клинички истражувања за природниот процес на исхрана на бебињата и пронаоѓање на решенија за поддршка на доењето, а нивната патентираната технологија на двофазното измолзување кое го имитира природниот процес и врши стимулација за создавање на мајчино млеко им помага на мајките за пократко време да измолзат поголемо количество на млеко. Производите на Медела можете да ги најдете во сите подбро снабдени аптеки низ државата.

Пумпите за измолзување на Медела имаат техонологија на двофазно измолзување кое го имитира природниот процес на доење и врши стимулација за создавање и одржување на мајчино млеко. Уникатна технологија развиена врз база на клинички истражувања спроведени во соработка со Универзитетот на Западна Австралија, Перт, Австралија со ефикасност потврдена од многу болници и мајки во светот. Повеќе информации за Медела производите погледнете на www.medela.com
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи