Банеста

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Интернационални бригади 5-б
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈10685 км
  • Локација: до Дојрана

  • Телефон 2: 071 777047
  • Факс: 02 2460395
  • Работно време: Пон - Пет од 08:30 до 16:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1487083159_15.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Банеста е компанија која се занимава со продажба на системи за наводнување.

Продукти:
• Системи за земјоделско наводнување
• Системи за парково наводнување
• Оранжерии- црева и додатоци
• uPVC-Цевки-Вентили-Фитинг
• Електрофузија и челно варење
• PEX – PERT – Flex PPR – Геотермија
• ПЕ црева за заштита на кабли
• ПВЦ фитинг и цевки
• Опрема за базени Филтери
• Системи за прочистување вода

БАНЕСТА e компанија која е основана 1998 година и е една од првите која започна со увоз и продажба на системи за наводнување и се специјализира и прилагоди за потребите на пазарот. После неколкугодишно успешно работење во 2003 година станува ексклузивен застапник на реномираниот светски бренд, ПАЛАПЛАСТ- Грција и тоа за Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Словенија и воедно генерален увозник за Република Македонија.
На почетокот најголем акцент беше ставен на наводнувањето, како примарна гранка на нашето работење на територија на Македонија. Набргу со формирањето на стабилна продажна мрежа, производите на Палапласт станаа достапни во сите земјоделски региони. Со оглед на тоа што побарувачката на пазарот наметнуваше потреба од пласман и на други производи од асортиманот на Палапласт, наша обврска беше да ја прошириме гамата на производите, па така денес располагаме и со елементи кои се користат во парково наводнување, водоводи, геотермија, разни прочистителни станици, базени, како и црева и фитинзи за загревање на оранжерии и црева за подно греење (Pex).

Преку Палапласт соработуваме и со други светски реномирани фирми како што се RAIN BIRD, HUNTER, TORO, RAIN SPA, GALKON, ORBIT, SUN-FLOW и др. Располагањето со најголем лагер и гама на производи како и брзата испорака, не прави да сме една од водечките фирми во областа на наводнувањето во Р. Македонија.

Во Банеста сме подготвени во секое време да ве сослушаме, советуваме, поддржуваме и помагаме. Ова се однесува и на ИПАРД програмите со кои имаме повеќегодишно искуство и успешна реализација. Можете да сметате на нас!

СЕ ШТО НЕМА ДА НАЈДЕТЕ КАЈ ДРУГИТЕ - ЌЕ НАЈДЕТЕ КАЈ НАС!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи