Актон

ПаркингЈавен превозДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: 23-ти Октомври 11-а
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7853 км
  • Локација: Бизнис зграда Синерџи, до ПИОМ

  • Факс: 02 3298011
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1582890162_15.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Актон е компанија која овозможува директно меѓународно поврзување на мобилниот и фиксниот телекомуникациски сообраќај во Јадранскиот регион: во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Р. Македонија, Србија и Црна Гора.

Растечката продажба на услугата за меѓународна говорна комуникација го доведе Актон на лидерско место во сегментот на алтернативни Tелеком оператори во Македонија по број на минути. Дополнително, почнувајќи од 2008-ма година, Актон Македонија започнува со нудење на услуги и во податочниот сегмент.

Актон Комуникации може да го понуди следното портфолио на услуги:
• Терминација и оригинација на телефонија на големопродажно ниво врз основа на директни договори со над 130 оператори
• Фиксна телефонија и виртуелни IP централи
• Симетричен загарантиран интернет пристап за бизнис корисници
• IP транзит за оператори
• Bulk & Web2SMS, мануелно и автоматизирано испраќање на SMS пораки во Македонија и странство
• Меѓународно дигитално поврзување – AKTON Link Service (ALS) на TDM и Етернет ниво
• Национални и меѓународни Етернет поврзувања помеѓу две или повеќе локации
• Колокација на сервери
• Cloud/VPS – виртуелни приватни сервери
• Web и Mail хостирање
• Масовно испраќање на електронски пораки
• Системска администрација
• Други телекомуникациски и ИТ услуги.

Компанијата е основана во Р. Словенија во 1991 год. од приватни инвеститори. Од мала компанија со голем ентузијазам и амбиција преку напорна работа и посветеност на вработените, Актон успеа да прерасне во признаен меѓународен оператор на телекомуникациски услуги. АКТОН ДООЕЛ во Македонија е основана во Ноември 2005 година, како ќерка компанија на Актон ДОО Словенија. Компанијата со своја мрежа е веќе присутна во Словенија, Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Почнувајќи со комерцијално работење во полето на говорните услуги на Актон Македонија во Мај 2006 година, со услугата за Меѓународен телекомуникациски сообраќај, за релативно кратко време стана синоним за меѓународна говорна комуникација за бизнис корисниците во Македонија.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи