2001 Оскарпласт


  • Адреса: Индустриска б.б.
  • Место: Струга
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: с.Мороишта

  • Телефон 2: 070 212813
  • Факс: 046 700947
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00



Фото и видео галерија

Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Нашите производи ги пласираме на пазарот во Македонија, Косово и Албанија.

Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа:
• Изработка на базени од армиран полиестер
• Пречистителни станици за третман на отпадни води
• Маслофаќачи
• Сепаратори
• Резервоари за вода и нафта
• Комплет урбана опрема-детски игралишта
• Чамци, глисери, јахти
• Многу други производи и можност за нарачка по барање на купувачите

Компанијата е основана во 1990 год. и е 100% приватна сопственост. Лоцирана е во индустриската зона во Струга со вкупна површина од 2500 m2, од кои на 1000 m2 се простира производната хала, администрација и магацини. Фирмата брои 12 вработени кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам. Од 1990 год. па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер.

Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите клиенти. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги. Нашата компанија ги поседува сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и сертификатот за животна средина ISO14001.

Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме кон понатамошната реализација на вашите барања и потреби.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи