Везе Шари

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаДостава

  • Адреса: с.Требош
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7824 км

  • Работно време: Пон - Саб од 07:30 до 16:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Токму поради тоа што квалитетот и природното се нашите најголеми адути, одлучивме нашите производствени капацитети да ги изградиме на природните падини на Шар Планина, во чиста еколошка средина. Во питореската и недопирливата природа се распослани објекти со површина од 35.000 м2, од кои 14.000 м2 припаѓат на индустриските и деловните објекти. Инвестицијата стартуваше во мај 2002 година со германски капитал и околу 30 високообразовани и квалификувани кадри, кои имаа целосна поддршка од странски експерти. Нашите производи ги има на македонскиот и на регионалните пазари.

ВЕЗЕШАРИ својот развоен пат го гради преку перманентно вложување во човековиот капитал и неговата стручност, производствените капацитети, модерни технолошки процеси, имплементација на највисоките стандарди, суровинската основа и продажната мрежа

НАША МИСИЈА

Внимателно избраниот асортиман на производи со акцент на германската рецептура и домашното традиционално производство ни ја обезбедуваат одржливоста на пазарот и континуитетот во квалитетот.

Сакаме на секој купувач да му понудиме врвен производ преку квалитетна и безбедна достава и компетентен тим вработени.

Тежнееме кон проширување на асортиманот на производи со цел задоволување и на најпребирливиот вкус.

Нашата мисија е понуда на најквалитетните домашни производи.

НАША ВИЗИЈА

Главнaта водилка во Везе шари е доследноста во континуираното производство на производи со врвен квалитет и долга традиција.

акаме да станеме синоним за стабилност и мерило за квалитет и професионалност во сите сегменти на нашето работење, како и да стекнеме подобри односи со сите наши групи од интерес:

Потрошувачите- нашите производи да им бидат најчестиот избор

Вработените- да бидеме најпосакуваниот работодавач

Останатите деловни субјекти- партнер од доверба и општествено одговорна компанија

Со еден збор, нашата визија е да ја достигнеме лидерската позиција на пазарот.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи