Шпаркасе Банка-централа

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаДостапен интернетКлиматизираноПлаќање со кредитни картичкиДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Македонија 9/11
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7425 км
  • Локација: Центар на градот, веднаш до Хотел Бристол

  • Телефон 2: 02 3200777
  • Факс: 02 3200515
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 18:00
    Саб од 09:00 до 13:30

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1397643601_04.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

"Steiermärkische Sparkasse" е една од најсилните банкарски групации во регионот на Југоисточна Европа, која со своето присуство во земјите од Западен Балкан овозможува достапност на банкарските услуги за австриските и за регионалните компании, како и силна економска поврзаност и стабилност во целиот регион. "Шпаркасе Банка Македонија" имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р. Македонија.

Ние сме независна штедна банка, дел од австриската групација на штедни банки и членка на солидарен гарантен фонд (Haftungverbund). Нашиот историјат од речиси 200 години има добра основа. Ние секогаш се фокусираме да бидеме штедна банка. Ние ги правиме работите едноставни, за луѓето да можат подобро да си ги организираат животот и својата иднина.

Традицијата, сигурноста и довербата се синоними на Шпаркасе Банка Македонија и се дел и од нашето и Вашето секојдневие, успех и сигурност. Тие ни даваат за право да бидеме сигурни во заедничката иднина и во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Доказ за укажаната доверба во Банката се и остварените резултати во изминативе години и континуираниот развој на Банката. Банката во моментов има актива од 17,48 милијарди денари и 56 700 клиенти кои се опслужуваат во 27 експозитури низ цела Македонија (според податоците од 31.12.2016 година).

Шпаркасе Банка е партнер кој го препознава потенцијалот на нашите клиенти и ќе ја поддржи реализацијата на нивните планови преку широк спектар на производи и услуги:
• Финансирање на тековното работење
• Проектно финансирање
• Платен промет и управување со средства
• Гаранции

За поддршка на населението, банката нуди цела палета на производи и услуги направени по Ваша мерка и потребите на пазарот. Воведувањето на нови производи, како и постојаното работење на квалитетот на постечките, се наша примарна определеност.

-Партнерство со малите и средни претпријатија
Успешната и долгорочна соработка со малите и средни претпријатија се доказ и резултат на взаемната доверба и врвните експертски совети по прашањата од областа на финансирањето и проценките. Нашиот тим на советници е секогаш на располагање да изнајде ефикасно решение во зависност од Вашите потреби и да испорача квалитетни и професионални услуги за поддршка на Вашите бизниси.

-Поддржувач на општествениот развој
Да се биде успешна банка, не значи само да се има висок капитал, голем број клиенти и иновативни производи. Тоа подразбира пред се свесност за сопствената одговорност и влијание врз општествената заедница во која нашата Банка делува, како и чувство во нејзиниот развој и овозможува постојана поддршка. Оттука, Банката е постојано активно вклучена во бројни проекти од областа на културата, спортот, образованието, науката и заштитата на животната средина.

Шпаркасе Банка Македонија – традиција, сигурност и доверба!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи