Përmendorja e Jane Sandanskit


  • Adresa: Sheshi Jane Sandanski
  • Vendi: Shkup
  • Distanca: ≈7428 км
Kategoritë:

përmendore



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Foto nga vendndodhja

    Foto dhe video galeri

    Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар (18 мај 1872 - 10 април 1915) е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација.

    Роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија. Во 1892 година, бил регрутиран во бугарската армија.
    Во 1895 година, дошло до раздвижување на македонската емиграција во Бугарија, под налет на настаните, зел активно учество и како четник учествувал во Мелничкото востание. Во февруари 1899 година бил назначен за управник на дупничкиот затвор. Истата година, Никола Малешевски го детално го информирал за дејност на Македонската револуционерна организација и ја организрал првата негова средба со Гоце Делчев.

    Во април 1901 година, за првпат, со 8-члена чета агитирал во името на Организацијата, за по некое време да решат да ја киднапираат протестанската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а 23 Февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето. Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација.

    По востанието во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе прозлезат две струии. Кризата и поделбите кој се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле.

    На 28 ноември 1907 година, по наредба на Сандански, Тодор Паница ги убива Борис Сарафов и Иван Гарванов. По ликвидацијата, бугарските судови ги осудиле на смрт Сандански и Паница, откако ги прогласиле за разбојници. Во втората половина на мај 1908 година се одржал Мајскиот конгрес, каде било решено да се формира нова организација под името Македоно-одринска револуционерна организација.

    На 15 јули 1908 година, Јане со воз присигнал во Солун. На железничката станица бил пречекан од специјална младотурска делегација предводена од Енвер Беј, а 18 јули 1908 година, Јане излегол со познатиот Манифест до сите народности во империјата.


    По Балканските војни, се вклучил во политичкиот живот на Царството Бугарија. Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, Сандански и неговите соборци решиле да се организираат преку собирање на свои приврзаници и евентуални сојузници за борба против политиката на Фердинанд, меѓутоа заговорот пропаднал. На 10 април, кај месноста Блатата, била поставена заседа во која бил убиен.
    Неговите останки се наоѓаат во црквата Св. Св. Кирил и Методиј.
    më shumë
    Foto nga vendndodhja
    Mapa

    Никако да ѝ тргне работата на странската инвестиција во земјава, американската компанија „Вабтек“, која произведува сопирачки за возови. По неколкугодишни ...
    сите 15 | | | веќе видена

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Менди Ќура. ...
    сите 41 | | | веќе видена

    Време зa читање: < 1 минутa Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита ќе почне во петок (5 јули), информираат од НЛБ банка. Своите ...
    сите 14 | | | веќе видена

    Трошоците и вкупните буџетски приходи и расходи на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување или попозната како МАПАС, за 2023 ...
    сите 9 | | | веќе видена

    Hyni në Librin e Artë

    Emri i përdoruesitFjalëkalim



    Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj