Блаже Конески (роден 19 декември 1921 – починал 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, јазичар и филолог, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
По ослободувањето, активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик. Го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“
Основач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет, а во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.
Конески е истакнат лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.
Неговиот споменик се наоѓа пред зградата на МАНУ во Скопје.
më shumë