Përmendore e Dame Gruevit


Kategoritë:

përmendore



    /sites/zk/templates/responsive/img/logo-mk-inner.png


    Foto nga vendndodhja

    Foto dhe video galeri

    Даме Груев (Смилево, 19 јануари, 1871 - Русиново, 23 декември, 1906) е македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.

    Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студенско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Македонското студенско друштво се растурило, а Даме заминал за Македонија.

    Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип каде првпат се сретнал со Гоце Делчев.

    Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август 1900) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.

    Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација. Бил префрлен во затворот во Подрум-Кале, каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.

    На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите на движењето.

    Претседавал на Рилскиот конгрес во 1905 и бил избран за член на Централниот комитет. Се ангажирал за надминување на поделбите, меѓутоа единството постигнато на Конгресот траело кратко.

    Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во Смилево.
    më shumë
    Foto nga vendndodhja
    Mapa

    Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со ...
    сите 133 | | | веќе видена

    За дизајнот на претстојната серија iPhone 16 се шпекулира веќе некое време, а неодамна протекоа фотографии од футроли од трети страни за iPhone 16 и iPhone 16 ...
    сите 5 | | | веќе видена

    Во согласност со стратегијата за забрзан и континуиран растеж и обезбедување на најдобри услуги на своите клиенти, Халкбанк АД Скопје е постојано отворена за ...
    сите 10 | | | веќе видена

    Hyni në Librin e Artë

    Emri i përdoruesitFjalëkalim



    Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj