www.goldenpages.bg и www.zlatnakniga.com.mk заедно ги прошируваат услугите во Бугарија и Македонија

Двата најсеопфатни бизнис адресари во Бугарија и Македонија потпишаа договор за партнерство и лансираа услуга за прикажување на огласите на бугарските компании на македонските корисници и македонските компании на бугарските корисници.

 

Новата взаемна услуга им нуди можност на корисниците од Македонија и Бугарија да пребаруваат добавувачи на производи и услуги преку граница, а тоа им овозможува на бизнисите во двете држави да се промовираат пред потенцијалните клиенти во другата држава поевтино и полесно. Целосната база на податоци на Златна Книга (Македонија) и Златни Страници (Бугарија) ќе им биде достапна на луѓето при пребарувањето во локалниот веб адресар.

 

Коментирајќи на договорот, Ник Саундерс, CEO на Golden Pages - Бугарија вели, “Ова е уште еден пример за вредноста што им ја овозможуваме на фирмите и корисниците во Бугарија. Ние постојано бараме нови начини да им помогнеме на фирмите да добијат нови клиенти, и олеснувајќи им да се рекламираат во Македонија можеме да придонесеме за развој на нивниот бизнис. И потрошувачите сега имаат лесен начин да најдат добавувачи во Македонија.”

Владимир Вецовски, Генерален Директор во Р3 Инфомедиа – Македонија вели, "Ни претставува задоволство што соработката со Златни Страници ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме можноста да привлечат нови клиенти од Бугарија. Сигурни сме дека и на корисниците ќе им се допадне можноста да имаат лесен пристап до сите Бугарски производи и услуги преку доверлив извор како што е Златна Книга. Верувам дека постојат бројни можности за фирмите од двете држави да имаат добивка од соработката со соседната земја и ние сакаме да го направиме првиот чекор, нудејќи информации за македонските бизниси во Бугарија, и на бугарските бизниси во Македонија".

 

Golden Pages е водечки бизнис адресар во Бугарија кој од страна на Бугарите се проценува како најсеопфаетн, доверлив и корисен извор за бизнис информации во државата. Повеќе од 375,000 луѓе ја посетуваат www.goldenpages.bg месечно пребарувајќи над 100,000 фирми.

 

Златна Книга е водечки бизнис адресар во Македонија избран за Супербренд за Македонија за 2009 година. www.zk.com.mk е една од 40-те најпосетувани локални веб страни во Македонија и е достапна на македонски, англиски и албански јазик.

 

 

Граѓаните реагираа за високите цени на килограм цреши кои достигнуваат до 1.200 или 1.300 денари, а овоштарите од земјава велат дека летово нема да има доволно ...
сите 20 | | | веќе видена

Изминатата година во нашата земја со задолжителното здравствено осигурување биле опфатени 1.839.537 лица, а според податоците на Фондот за здравствено ...
сите 8 | | | веќе видена

Време зa читање: 2 минути Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол” и „Телма” со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, ...
сите 6 | | | веќе видена

Главните индекси на Волстрит малку паднаа минатата недела, а по неколку недели беснеење поради царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, ...
сите 58 | | | веќе видена

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи