АМСМ Помош на пат

ПаркингРаботиме нон-стопКлиматизираноПлаќање со кредитни картичкиДостапно за хендикепирани лицаДопуштено за деца

  • Адреса: М.Т.Гологанов 51
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7851 км
  • Локација: Центар, кај Млин Балкан

  • Факс: 02 3181119



Слика од локација

Фото и видео галерија

Секогаш и секаде со Вас!

АМСМ Службата за помош на пат и информации располага со 27 современо опремени возила за помош на пат и повеќе од 40 возачи-механичари, специјално оспособени за отстранување на повеќе од 50 различни видови дефекти на самото место:

•замена на резервно тркало,
•дотур на гориво,
•дотур на масло и течност во системот за ладење,
•поправка на електронските системи за осветлување,
•отстранување на можни грешки во компјутерските системи на новите возила (on-board дијагностика) и сл.

Во рамките на АМСМ Службата за помош и информации на пат на располагање Ви се следните услуги:

●24/7 помош на пат и патни информации за земјата и странство
●За потреба од помош на пат, пренос на возило или извлекување повикајте 196
* Доколку сте АМСМ член услугите помош на пат, пренос на возило и извлекување, ги користите бесплатно како дел од АМСМ членскиот пакет кој сте го избрале
●За патни информации и состојба на патишта за Македонија или повеќе од 30 европски држави повикајте 15 555
●Сервисни услуги, кои доколку сте АМСМ член ги користите со 20% попуст на работна рака
●Сервисни акции – бесплатна летна и зимска проверка на возилото за АМСМ членови

Повеќе информации за услугите во системот на АМСМ, сите тековни акции, актуелни промоции и новости, можете да добиете на АМСМ инфо линија 02/3181-181.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи