Патувај безгрижно
ЗА ПАТУВАЊЕ НАДВОР ОД Р.М. ПОТРЕБНО Е ДА ИМАТЕ: | |
1. Патна исправа (пасош) 2. Меѓународна возачка дозвола 3. Зелен картон 4. Полномошно за возилото 5. Патничко осигурување |
|
ПАТНА ИСПРАВА |
|
• Барање за издавање на пасош • Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот • Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 ден. за образецот на пасошот • Уплата за административна такса од 100,00 ден. на уплатница- за лица до 4 годишна возраст • Уплата за административна такса од 200,00 ден. на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст • Уплата за административна такса од 300,00 ден. на уплатница-за лица над 27 годишна возраст Надлежен орган за издавање на пасош е МВР. ул. Кеј Димитар Влахов бб - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар, Скопје |
|
МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА |
|
Потребни документи за издавање Меѓународна возачка дозвола: • 2 фотографии (45мм x 35 мм) - документ за идентификација (лична карта или пасош) • Национална возачка дозвола Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола. Цена: 950 ден. |
|
ЗЕЛЕН КАРТОН |
|
Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата. • Патнички возила до 66 KW - Цена: 3.690 ден. • Патнички возила над 66 KW - Цена: 5.536 ден. • Моторцикли - Цена: 1.850 ден. • Влечни возила, специјални возила, приклучни возила и работни возила - Цена: 5.536 ден. • Комбинирани возила - Цена: 9.656 ден. • Товарни возила и автобуси - Цена: 17.222 ден. Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност. |
|
ПОЛНОМОШНО ЗА ВОЗИЛО |
|
Потребни документи: • Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) • Лично присуство на корисникот на возилото со пасош Важност: 1 годинa Цена: 600 ден. |
|
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ |
|
Патничко осигурување може да извадите во секоја осигурителна компанија |