На што треба да внимавате при возење во зимски услови?

Пред нас е период во кој возачите ќе се соочат со посебни временски услови. Специфичните услови на патот во зима се причина поради која и постои законската обврска за задолжителна зимска опрема. Со цел да ја обезбедите својата сигурност, а и на останатите учесници во сообраќајот, постојат неколку елементи на кои треба да обрнете внимание. 

 

 

Проверка на состојбата на автомобилот

 

Ова ставете го под задолжително и тоа пред да стигнат студените денови во кои ќе треба да возите по голомразица. АМСМ во периодот од 15.11-15.12.2015 нуди можност за бесплатна зимска проверка на возилото за сите членови. Тоа е одлична можност да проверите дали вашиот автомобил е во исправна состојба.


Исправноста на автомобилот е исклучително важна за вашата и безбедноста на останатите. Затоа навремено направете сервис за масло и кочници, а може да проверите бесплатно и акумулатор. Стабилната предница е важна за држење на правецот на автомобилот и токму затоа треба да направите проверка за нејзината состојба, односно ако е потребно да направите центрирање на предница - искористете го ова намалување со 30% попуст.

 

 

Зимски гуми

 

Замената на зимски со летни гуми не треба да ја сфаќате како задолжение, туку како неопходност. Зимските гуми се неопходни во периодот кога температурата паѓа под нулата, што значи дека треба да возите со нив и кога нема снег. Пред да настапат ниски температури, проверете во каква состојба се зимските гуми што досега сте ги користеле и доколку е потребно направете инвестиција во нови – и онака зимските гуми можете да ги користите подолг период, што пак е причина да направите паметна инвестиција и да одберете квалитетен производ. Разгледајте ја понудата на зимски гуми на попуст на нашиот пазар и информирајте се за попустите што ви се на располагање. И запомнете, идејата да возите со две зимски и две летни гуми не ви помага да го намалите ризикот, неопходно е сите четири гуми да се зимски.

 

 

Совети

 

Откако ќе делувате превентивно – односно ќе ја проверите состојбата на автомобилот и ќе обезбедите зимска опрема, потоа ќе се соочите со она што го носи секојдневниот сообраќај. Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат полесно да се справите со временските услови и грижата за автомобилот.

  1. Секогаш бидете добро информирани за временската состојба! Пред да тргнете било каде, информирајте се за условите на патот.
  2. Кога температурите ќе паднат под нулата, можно е да се случи да ви замрзнат бравите од автомобилот. Бидете подготвени и обезбедете си средство за одмрзнување, кое по намалена цена можете да го најдете тука.
  3. Не заборавајте да носите опрема со која ќе можете да го стартувате автомобилот. Стартер за мотор можете да најдете на следниов линк.
  4. Забрзувањето во никој случај не смее да биде нагло. Избегнувајте да правите нагли движења со воланот, за да не изгубите контрола.
  5. Помеѓу вашето и возилото пред вас, треба да има растојание кое е и до три пати поголемо од она што го оставате во останатиот период од годината при погодни временски услови.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи