Луксузен одмор или одмор на буџет, колку ќе ве чини?

Секое планирање на одмор најчесто зависи од буџетот со кој располагаме, па согласно тоа одбираме дали ќе си дозволиме луксузен одмор или одмор на буџет. Доколку досега го немате испланирано вашиот летен одмор, погледнете ги бројните понуди кои ги нудат туристичките агенции во Македонија и одлучете која од нив најмногу ви одговара.

 

 

Подалечни дестинации

 

Ако ова лето решивте да посетите некоја поегзотична и ексклузивна дестинација можете да ги погледнете понудите на Елит Травел, Балкан Експрес Травел, Фалкон Травел, Њу Вејс оф Травел и Ел Мундо. Тие нудат најголем избор на понуди за далечни дестинации како што се Кина, Јапонија, Дубаи, Мексико, Куба, Шпанија, Египет и многу други. За посета на Мајорка, Шпанија цената на комплетниот аранжман преку компанијата Балкан Експрес Травел би се движела од 780 евра до 1500 евра по лице во зависност од периодот во кој сакате да летувате.

 

 

Крстарење

 

Понудите за тури со крстарење се поинтересен, авантуристички избор на летување. Ваков тип на понуди можете да најдете преку Елит Травел, Ел Мундо и Њу Вејс оф Травел. Цената за 12 дена крстарење низ Италија, Грција и Турција, преку агенцијата Њу Вејс оф Травел, со поаѓање од Венеција, би ве чинело од 750 евра до 1000 евра во зависност од типот на собата во која сакате да престојувате. За уживање по Медитеранот, туристистичката агенција Ел Мундо нуди осум дневно крстарење за 649 евра по лице, со поаѓање од Скопје.

 

 

Ексклузивни дестинации

 

Секој што има желба за патување во подалечните краеви како Тајланд, Куба, Мороко, Мексико или Тенерифе, најдобро е да се обрати во Фалкон Травел.

Авионски транспорт, врвен смештај и дополнителни активности се дел од услугите кои ги добивате за било која од овие земји со цени од 600 до 1500 евра за аранжман, зависно која дестинација ќе ја одберете.

 

 

Превоз

 

Травел Солутион е одличен избор ако веќе ја имате одбрано дестинацијата на која сакате да отпатувате, но потребен ви е авионски билет или пак изнајмување на автомобил до дестинацијата. Тие имаат соработка со над 350 стандардни авионски компании како и 8 компании со поевтини летови и преку нив би можеле да добиете најповолна цена за вашиот авионски билет.  

 

 

Патување на буџет

 

Во случај да располагате со помал буџет за летниот одмор или пак не сакате дел од одморот да ви помине во патување, секогаш постојат и други опции кои можете да ги земете во предвид. Еуро Турист нуди поволни организирани патувања во земјата и надвор од неа, додека пак Метфил и Деби Турс нудат поволни аранжмани на поблиски дестинации во околните земји како Грција и Црна Гора. Цените за 7-дневен летен одмор во туристичките места во Грција, преку туристичката агенција Метфил се движат од 50 евра до 500 евра по лице во зависност од периодот во кој сакате да летувате и типот на сместувањето. Ако превозот на е вклучен во понудите, можете сами да го организирате преку Весна Турс и Делфина Турс.

 

 

 

Без разлика која дестинација ќе ја одберете за вашиот летен одмор,  опкружете се со вистинските пријатели, бидејќи тоа е пресуден фактор за уникатно и незаборавно лето.

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи