3 Совети како да одберете мебел. Што треба да знаете?

 

 

1. Имајте го во предвид вашиот животен стил:

 Имате деца или домашен миленик? Бели или светли материјали не се добар избор за Вас. Ако очекувате вашиот мебел да го помине тестот на издржливост, изберете многу цврст материјал, дури и ако тоа не е најмекиот. Мебел изработен од потемна кожа може да биде и најдобрата варијанта за вашиот дом. Постои и козметика за одржување на материјали од кожа а тоа подразбира и по долг век на истите. Секогаш кога носите одлуки за тоа каков мебел да изберете имајте го на ум вашиот животен стил и тогаш нема никогаш да донесете погрешни одлуки.

 

 

 

2. Држете се до неутрални бои:

 Избегнувајте да се обврзете на трендовски интензивни бои поради погоре споменатата причина – долговечност на материјалот и мебелот. Задржете се на други светли и трендовски елементи во просторијата, перници, завеси, вазни, сијалици и други декоративни додатоци. Многу е полесно да промените перница отколку цела софа.

 

 

 

3. Купувајте вон-сезонски:

 Генерално најдоброто време за купување на мебел е времето од годината кога има најдобри попусти, а тоа вообичаено е во пролет на саемските денови за мебел. Во овој период можете да остварите навистина одличен попуст. Доколку не можете да чекате толку долго, постојат и платформи каде можете да купувате online мебел и додатоци за домот каде што во секој период од годината има попусти и имате можност да заштедите пари.

 

 


 

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи