Уника

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Христијан Карпош 31
  • Место: Штип
  • Оддалеченст: ≈7493 км
  • Локација: аптека Биофарм

  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 14:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1559041394_7.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Уника
Архитектонско студио УНИКА претставува унија од професионални и квалитетни експерти од сите области на архитектурата.

УНИКА дизајнира и создава комплетни проекти, се во склоп со потребите и желбите на клиентите. УНИКА не е само архитектонско студио со високо квалификувани вработени, туку претставува унија од професионални и квалитетни експерти од сите области на архитектурата. Студиото УНИКА соработува со врвни архитекти и дизајнери од Македонија.

Како регистриран и овластен архитект, Зоран Златев, во 2001 година го основа Друштвото за градежништво, трговија, проектирање и услуги – УНИКА доо.

Сите елементи од процесот на изработка на проектот и неговата изградба, се во блиска интеракција помеѓу инвеститорот и компанијата, со што се создава естетски, ергономски и економски издржан објект. Флексибилната структура на архитектонското студио УНИКА овозможува создавање на проекти од секоја категорија и квадратура, односно многу повеќе од само брзо, ефикасно и комплетно организирање на волумен и простор.

Во зависност од комплексноста и волуменот на идниот објект, студиото УНИКА формира тим од главен архитект и соработници од сите области кои го водат проектот од самиот почеток до крајот. Секој проект го има истиот третман, внимание и контрола од страна на тимот на УНИКА во сите фази на изработка, што се должи на огромното искуство и големиот број изработени проекти во текот на изминативе 15 години.

Тимот, проектите, квалитетот и искуството на УНИКА постојано се зголемува, ги менува своите граници и погледи и го следи светскиот тренд, со што создава претпознатливи дела.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи