Тинг

ПаркингПлаќање со кредитни картички

  • Адреса: ул.566 бр.17
  • Место: Кочани
  • Оддалеченст: ≈7495 км
  • Локација: пред Кочани,Индустриска зона-прва уличка десно

  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/fd7d4e96a06896b067816975fbb75877.jpg?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Компанијата ТИНГ ДООЕЛ е лоцирана во Кочани, формирана е во 1990 година под името ТРГОИНЖЕНЕРИНГ за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во нејзиното сегашно име ТИНГ ДООЕЛ.

Нејзините почетоци се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеја повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност.

ТИНГ Дооел е една од првите фирми во РМ за производство на опрема за прехрана, земјоделие, хемија… со што допринесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашно произведена опрема а не увозна зависност).

Одличната работа и посветеноста на вработените денеска ја претвори оваа компанија во едно успешно средно претпријатие кое има широк спектар на производи и околу 100 вработени.

ТИНГ Дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат, веќе 20 години, лица со посебни потреби за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивна социјализација и еманципација.

Тинг Дооел денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор повеќе од 22 години.Претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија, Изработка на производи со висока прецизност и други производи согласно барањата на клиентите.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи.

Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност.

Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.

Важна карактеристика на Тинг Инокс е сечење со вода (Water Jet) кое е дел од новата програма на Мелин чија технологија овозможува неограничени можности во производство на елементи и производи со уникатен дизајн од: ростфрај, челик, стакло, плексиглас и многу други метали и неметали.

Нудиме услуги за сечење на:

- Разновидни метали и неметали во најразлични дизајни и облици во зависност од потребите на други фирми и индивидуалци;
- Делови, полу производи и производи за кооперанти;
- Како и украсни мозаици за подови, ѕидови, плочи и површини - комбинација на гранит, стакло, ростфрај и тн.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи