Терраплан-Партнерс

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизираноДостапно за хендикепирани лица

  • Адреса: Прашка 19/7
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7422 км

  • Телефон 2: 076 427734
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1568723663_11.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

„Терраплан-Партнерс“ е мултидисциплинарна архитектонска компанија со разновиден спектар на професии , вклучувајќи архитекти, градежни инженери, машински инженери, електро инженери , внатрешни дизајнери, проектни менаџери, економисти и други физички и правни лица од различен професионален калибар кои се појавуваат како надворешни соработници.

Различните способности и вештини на сите поединци се надополнуваат и придонесуваат за ефективност и ефикасност на тимот и компанијата при реализација и комплетизација на зададените цели и задачи. Комплетна посветеност,амбициозност и флексибилност при извршувањето на работните задачи, креативност и упорност во донесувањето и избирањето на соодветни проектантски и дизајн-решенија на кои им претходи истражувачки процес , развивање на концептот од почетни скици , преку идејни решенија до основен проект и реализација на идејата.

Барањата на клиентите се неисцрпен предизвик за тимот на „Террапплан-партнерс“ чиј стремеж е потрага по обострано корисна позиција каде може да се понуди максимумот од знаења и вештини од областа на архитектурата и сите сфери каде истата е застапена со максимално исполнување на визиите на клиентите.

Тимот на „Терраплан-партнерс“ има не само локална, туку и општествена визија и преку својата продукција на објекти се обидува да влијае позитивно на придонесот кон креирање на социјална одржливост и целокупната архитектонско-урбанистичка слика на регионот.

Архитектонско-градежната фирма “TERRAPLAN“ е основана во 1990 година. Како партнер од Швајцарската фирма “TERRAPLAN“ во Базел, фирмата почна да работи во областа на архитеконското проектирање во Бугарија и Албанија. Резултатот од добрата соработка, овозможи во 1990 во Гостивар да се отвори филијала од фирмата, за надзор на проектите кои ги реализираше швајцарската фирма на Балканот , финансиски поддржани од Европска Унија и Светска Банка.

Во временскиот период од 1996-2002, ДООЕЛ “TERRAPLAN“ има реализирано неколку проекти во Франкфурт,Германија, а за време на 2001 година филијалата “TERRAPLAN&PARTNERS “ во Косово ја започна својата архитектонско-градежна дејност победувајќи на тендерот за индустрискиот објект Buqaj, R.Compani, Eurocosmetics и Droga-Portorosh.

Во 2008 година, “TERRAPLAN&PARTNERS “ својата дејност во областа на архитектурата и градежништво ја прошири и во Скопје.

Од тогаш до денеска се стекнавме со сеопфатено искуство во многу сфери на изградбата на објекти- од идејни решенија, до детални изведбени проекти, стручен надзор и проектен менаџмент.

Дооел “TERRAPLAN&PARTNERS “ има на располагање професионален кадар за реализација на сите видови активности во градежништвото, од самиот почеток па се до финализација на работите.

За успешно реализирање на сите потребни фази од проектите (статика, машински и електрични инсталации, водовод и канализација итн.) се анагажира тим на експерти-постојани надворешни соработници на фирмата. Референтната листа на “TERRAPLAN&PARTNERS “ содржи широк спектар на објекти проектирани и изведени во и надвор од Македонија.
Сите овие проекти имаат заеднички барања: стручност, прецизно утврдени рокови и динамика, строго дефинирани прописи,одговорност,ефективност и ефикасност.

На тој начин постигнуваме трајна доверба и долгорочна соработка со нашите клиенти: со исполнување на дефинираните правила и прописи, барања и со постојано следење на новитетите во технологијата за дизајн и градба на светско ниво.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи