Робевски Луксори-Robevski luxury Rooms

ПаркингДостапен интернетWi-Fi ЗонаРаботиме нон-стопКлиматизираноДостапен сефФен во соба

  • Адреса: Широк сокак 61
  • Место: Битола
  • Оддалеченст: ≈7481 км
  • Локација: На Широк Сокак

  • Работно време: Пон - Нед од 00:00 до 00:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Robevski luxury rooms се наоѓа на 33 км оддалеченост од Лерин (Florina) и на само 10 км од националниот парк Пелистер. Објектот е во срцето на Битола, на самата амбиетална улица Широк Сокак, веднаш до старата Католичка црква. Собите се сместени во историска градба, стара околу 200 години, сега целосно реконструиранa во луксузен историски времеплов кој ги прераскажуваат приказните од минатото во нашата убава и единствена Битола. Уникатноста на собите произлегува од личности во минатото кои оставиле траен белег.

Robevski luxury rooms располага со 6 луксузно опремени соби во различен стил. Тие се именувани по најамбиенталната улица во Битола ,,Широк Sокак” која во минатото ги носела имињата на познатите Хамиде Xeмeси, Крал Петар, Маршал Тито, како и соба именувана по таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк кој своето воено образование го стекнал токму во овој град. Исто така градот надалеку е познат и како град на конзулите, па затоа и една од собите е именувана на овој начин. Секоја соба има своја автентична приказна, поврзана со историјата на Битола. Објектот располата со соби во стил на конзулска и градска Битола, луксузен амбиент во кој сами ќе се уверите. Сите соби се опремени со бањи, инвертер клима, фрижидер, сеф, фен за коса, хипоалергични и антибактериски душеци, LCD телевизор со кабелски приклучок, бежичен Интернет, а дел од собите имаат и балкон со фантастичен поглед кој гледа директно кон најубавата улица во Битола, Широк Сокак. Исто така гостите во собата може да се послужат со кафе, чај и овошје. Во склоп на собите има и казино.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи