Rema Kompjuteri






Foto dhe video galeri

РEMA Компјутери е застапник и дистрибутер на повеќе врвни производители на компјутерска опрема, која се занимава со дистрибуција, инсталација и одржување на периферна, комуникациска и мултимедијална информатичка опрема. Од самиот почеток на своето постоење (1993 год.) ја има стекнато довербата на светски реномираната фирма EPSON и има статус на Овластен Дистрибутер и Сервисен Центар на територијата на Република Македонија.

Ефектите на работењето на оваа современа IT компанија рефлектира не само на проширување на палетата на производи, туку и на обезбедување високооперативна профитабилност. Благодарејки на својот професионален и деловно ориентиран пристап, како и на професионалната експертиза на својот стручен тим, компанијата години наназад ја оддржува водечката позиција на ИТ дистрибутер на територија на Република Македонија.

Својата деловна позиција и идниот развој и раст, РЕМА го гради врз темели на исклучително познавање на деловниот процес на своите клиенти, и со специфичен приод кон важноста на ИТ технологијата во секојдневните работни процеси. Фирмата е веќе 20 години познат дистрибутер, која што негува фер и коректни односи со своите партнери.

Рема компјутери е фирма која работи според строги бизнис принципи, дозволувајќи на своите парнери да се потпираат во нивните понатамошни деловни активности. Добрата логистичка поддршка, во која спаѓа следење на нарачки, брза и навремена испорака на производите, рефлектира со задоволство и лојалност кај клиентите. Од друга страна, посебно внимание се посветува во формирање на амбициозен тим од високоедуциран кадар, кој што секогаш се труди да создаде и одржи доверба во релациите со своите партнери, односно клиентите.

Покрај продажбата на квалитетна компјутерска опрема, на нашите партнери им нудиме и овластен сервис за целата програма на EPSON производи, опремен со најсовремени уреди за дијагностика и отстранување на дефектите. Подготвен е да изврши квалитетно сервисирање на сите производи од продажната програма. Нашите сервисери редовно се обучуваат на посебни сервисни школувања, што гарантира темелно и квалитетно сервисирање.


Визија

Нашата визија е Рема компјутери да стане ИТ лидер , и да нуди најдобри ИТ решенија во Македонија и во странство. Добрата позиција на пазарот ја прави оваа компанија да ја реализира својата визија преку интензивната работа со цел проширување на производната палета, постигнување најприфатливи цени, одржување и зголемување на бизнисот на постојните и проектираните пазари, проширување со привлекување нови партнери кои ќе бидат подготвени заедно со нас да ги постигнат заедничките цели за развивање на информатичка опрема со висок квалитет, безбедност и сигурност и со посебно вреднување на професионализмот на секој поединец, коректните меѓучовечки односи и бизнис релациите. РЕМА компјутери покрива различни сектори и различни големини на претпријатија - од мали и големи компании, до владини институции и јавни претпријатија, обезбедување на производи од најдобрите светски брендови, со цел исполнување на клиентските барања за целосни ИТ решенија.


Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме на пазарот светски признати производи, иновативни решенија и беспрекорни услуги за електронски бизнис преку вистински партнерства со независни компјутерски фирми. Исто така доста важно е за нас да се задржи позитивниот и континуиран раст на компанијата, со примена на високи меѓународни стандарди, следејќи ги современите технологии и трендови дадени од страна на меѓународни компании. Посебна грижа и внимание се посветува на потребите на дилерите: консултантски услуги, дизајн, развој, интеграција, распоредување и услуги за одржување, што ја прави оваа компанија попросперитетна и поконкурентена. РЕМА компјутери постојано создава вредности што позитивно ќе се рефлектираат на квалитетот на производите како и континуирано создавање натпреварувачка работна атмосфера и добра перспектива за развој на работните кариери на вработените.


Стратегија

Како главна долгорочна стратегија на РЕМА Компјутери е одржување на задоволството и лојалноста кај дилерите на највисоко ниво. РЕМА Компјутери е исто така позната како надлежна компанија која е во состојба да ги спроведе дури и најсовремените ИТ системи. Ги воспоставивме стандардите на квалитет и ги дефиниравме полињата на развоен предизвик на нашата компанија, преку поставување на истите и прераснавме во најдоверлив партнер на сите наши купувачи и пријатели. При тоа:

Континуирано го зголемуваме бројот на IT производи во нашето богато портфолио со цел брзо исфрлање нови производи на пазарот притоа гарантирајќи пристап на најновите ИТ решенија до купувачите.

Континуирано инвестираме во нашите вработени преку обуки и тренинзи Подготвени сме во континуитет да постигнеме поконкурентни цени на нашите производи, што доведува до зголемување на процентуалната застапеност на пазарот

Стратегиски ги развиваме партнерските односи во правец на постигнување на таргетите.
Континуирано ја развиваме нашата корпоративна култура и се обидуваме да станеме компанија атрактивна за вработување ширум сите пазари на кои спроведуваме бизнис операции.
më shumë
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim


Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj