Радио Кафе Канал 77

ПаркингРаботиме 7 дена во неделатаКлиматизираноПлаќање со кредитни картички

  • Адреса: 5-та Партиска конференција 9/8
  • Место: Штип
  • Оддалеченст: ≈7920 км

  • Телефон 2: 078 500077
  • Работно време: Пон - Чет од 08:00 до 00:00
    Пет - Саб од 08:00 до 01:00



Слика од локација

Фото и видео галерија

Мултимедијалниот центар Канал 77 претставува нов културен импулс во Штип. Намената, капацитетот и архитектонскиот концепт на Мултимедијалниот центар ги следи современите светските трендови и начините за активирање на културните и медиумските збиднувања во градот.

Мултимедијалниот центар Канал 77 претстaвува современ, мултифункционален објект чија основна намена и негово постоење е да послужи за најразлични едукативни, промотивни, културни, интелектуални, образовани и забавни потреби. Предноста пред останатите објекти се должи на услугата која ја нуди Мултимедијалниот центар на Канал 77 во смисла на високо-професионална техничка подршка, со професионална аудио и видео опрема, светлосна опрема, ефекти за концертно светло, прожектори, можност за симултан превод, аудио и видео подршка и можност за стриминг.

Мултимедијалниот центар располага со:
• Конгресна сала: Високо технички опремена конгресна сала со капацитет за 160 лица;
• Промо сала: Промо салата е наменета за помали презентации до 30 лица;
• Лоби бар: Лоби барот е место наменето за организирање на кафе паузи и помали коктел забави. Лоби барот ги поврзува Конгресната сала и Промо салата. Капацитетот за стоење е за 100 лица;
• Апартмани: Во склоп на Милтимедијалниот центар се наоѓаат три апартмани за ноќевање-со вкупен капацитет од 6 легла. Резервации за користење на апартманите може да се направат и преки WEB страната на Букинг, на следниов линк на http://www.booking.com/, а на пребарувачот впишете Радио Кафе Канал 77.
• Ресторан Радио Кафе Канал 77-Ресторанот е со капацитетот за 100 лица во затворен простор и за 210 лица на отворен простор. На летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има можност за организирање на поголеми свечености со капацитет за седење за 400 лица. Во склоп на летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има летна сцена-бина наменета за музички групи, за поголеми и помали концертни настапи. Капацитетот на летната тераса е за 2000 лица. Радио Кафе Канал 77 е ресторан од прва категорија со 4 звезди, со Решение број 13-4570/2 од 03.10.2014 година, издадено од Министерството за економија на Република Македонија.
• Сопствен паркинг простор: Мултимедијалниот центар Канал 77 располага со сопствен паркинг простор до 50 возила за своите посетители.
• Детско катче: На најмалите да им биде забавно а родителите релаксирани, во Радио Кафе Канал 77 има дел и за нив, исполнето со многубројни детски играчки.
• Фитнес сала:Фитнес салата е опремена со квалитетна професионална опрема и истата располага со туш кабина и гардероба со површина од 40 м2.

Сите услуги, можности и капацитети на Мултимедијалниот центар можете да ги видете на нашата Веб страна или на Facebook страната на Радио Кафе Канал 77.
Ви благодариме на укажаната доверба и Ве очекуваме.
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка


Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи