Плусче - Едукативен центар за математика


  • Адреса: Борка Талески 51
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7424 км


    //1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1677570797_14.png?t=true&w=300&h=300


    Фото и видео галерија

    Плусче - Едукативен центар за математика
    Плусче - Едукативен центар за математика за дечињата на возраст од 5 до 12 години. Заедно учиме што сé всушност е математика и како таа се состои насекаде околу нас.

    Разбираме како математиката помага да се открие природата, науките и уметностите.
    Со математичката логика и нејзината практична применливост дечињата многу подобро ја разбираат секоја наука и уметност.

    Сакаме математика што ја поттикнува имагинацијата.
    Математиката многу повеќе се сака кога е дел од детскиот свет на игра, фантазија и сништа.

    Поддржуваме различности на секое дете.
    Математика е многу полесна ако е прилагодена на индивидуалните интереси и способности на децата.

    КОИ ПРИСTАПИ ГИ СЛЕДИМЕ?
    • Учиме по напредна интернационална методологија и наставни материјали на Oxford University, Twinkle и Khan Academy.
    • Учиме постојано преку многу, многу едукативни игри што го развиваат интересот и го стимулираат разбирањето.
    • Учиме интерактивно, сите еден од друг - целосно и континуирано.

    КАКО УЧИМЕ
    • Дечињата се поделени во групи според возраста. Сите се еднакви и учат заедно, но пристапот е индивидуален бидејќи секое дете е посебно.
    • Наставата се одвива во два термини неделно, а секој термин (час) трае 45 мин. Учиме преку целата година, во две полугодија.
    • Групите се формираат на почеток на секое полугодие, а секое дете може да ни се приклучи и подоцна.

    За сите ваши прашања и информации може да не контактирате на телефонот 070 393734.
    Првите 2 часа се бесплатни!


    повеќе
    Мапа

    Логирај се на Златна Книга

    Корисничко имеЛозинка



    Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи