Office express

ParkingE lejuar për kafshë përkedhësePunojmë 6 ditë në javëQasje në InternetWi-Fi ZonëAir-kondicionerPaqesë me kartela kreditoreDërgesëFëmijët janë të mirëseardhurAdaptuar për duhanpirës

  • Adresa: Teodosie Paunov 36 (29 Nëntori)
  • Vendi: Koçanë
  • Distanca: ≈7497 км

  • Telefon 2: 033 275149
  • Faksi: 033 277778
  • Orari i punës: Ha - Sh nga 08:00 deri më 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1561635822_9.png?t=true&w=300&h=300


Foto nga vendndodhja

Foto dhe video galeri

Office Express е основана во 1987 година, најпрвин под името ПИОНИР кога започнува да работи со примарна дејност трговија на канцелариски и школски прибор. Уште од самите почетоци менаџментот на компанијата се ориентира кон развој, проширување и исклучиво работење по светските стандарди и трендови. Компанијата е секогаш насочена кон задоволување на барањата и потребите на своите клиенти како и остварување на соработка и партнерства со други компании за достигнување на поголеми цели и развивање и реализирање на нови идеи.

За краток временски период компанијата достигнува голем напредок по што го проширува својот тим и отвара нов деловен простор на 3.500 m2. Со ова компанијата го зголемува својот капацитет и започнува со трговија на големо. Благодарение на тоа голем број книжари, маркети, трафики како и мали локални компании и големи корпорации стануваат редовни клиенти и соработници, а OfficeExpress секогаш се труди да се прилагоди според нивните потреби.

Следејќи ја потребата и состојбата на пазарот OfficeExpress воспоставува сопствена дистрибутивна мрежа низ Македонија, со што на своите клиенти им овозможува брза и сигурна достава на нарачаната роба.

Компанијата за својот асортиман на производи редовно објавува каталози и промотивни материјали, а по потреба обезбедува промотивен материјал како и потполна логистичка поддршка на своите соработници.

Во 2018 година благодарение на докажаниот успех во работата компанијата станува член на ЕУРОКОМ групацијата, со што станува генерален застапник на голем број ексклузивни брендови како Rotring, Maped, Karbon, Pentel, Optima, Street, Parker, Waterman...

Во 2011 следејќи ги светските трендови и потребите на пазарот, компанијата во партнерство со странска компанија започнува со производство и дистрибуција на индустриски LED светилки со врвен и загарантиран квалитет.

Во 2010 компанијата потпишува договор и започнува соработка со Volkswagen Financial Services - Германија за увоз и продажба на возила. Со тоа компанијата создава уште еден ексклузивен бренд - AUTOWELT, со кој Германскиот квалитет и сигурност ги пласира на Македонскиот пазар а подоцна и на целиот Балкан.

Во 2007 година компанијата го проширува својот капацитет и работни простории на 3500m2 од кои 3000m2 магацински простор и 500m2 современ продажен салон.
Истата година копманијата склучува договор за соработка со ANTARES - Унгарија и NOWYSTYL - Полска и започнува со увоз и продажба на канцелариски мебел на теротироијата на цела Македонија.

По неколку годишна успешна работа компанијата го релоцира своето работење во нов магацин од 1500m2 и го зголемува асортиманот на производи со канцелариски и школски прибор како и рекламен материјал. Исто така компанијата започнува со сопствена дистрибутивна мрежа на своите производи низ книжарици и компании низ Македонија


Компанијата го отвора својот прв магацин од 150m2, а подоцна во 1999 го проширува на 250m2.

Компанијата отвора уште 2 нови книжарници во Кочани и го зголемува асортиманот на производи.

Компанијата започнува со работа под името ПИОИНР кога ја отвора првата книжарница во Оризари - Кочани.
më shumë
Foto nga vendndodhja
Mapa

Hyni në Librin e Artë

Emri i përdoruesitFjalëkalim



Perdorues i ri? | Keni harruar fjalëkalimin tuaj? | Anuloj