НастаниСите

MAMMA MIA!

20Март
Времетраење: 180 минути |со пауза|голема сцена

Музика и текст: Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон | по приказната на: Џуди Крејмер
Режисер: Наташа Поплавска

Проектот се реализира во копродукција помеѓу Македонски народен театар и Prospot d.o.o./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.
Mamma Mia! was originally produced in London by Judy Craymer, Richard East and Björn Ulvaeus for Little Star in association with Universal.
Дополнителен материјал и аранжмани: Мартин Коч
Music published by Universal Music Publishing Group

Препев и превод: Тина Трпкоска
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Олга Панго
Сценограф: Александар Дениќ
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Дизајн супервизор: Емил Петрo
Дизајн на звук: Бојан Угриновски
Дизајн на светло: Милчо Александров, Горјан Темелкоски

Извршен продуцент: Симона Угриновска
Инспициент: Вукица Александрова

Вокални корепетитори: Сара Николовска и Ана Костадиновска
Корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска


УЛОГИ:
СОФИ ШЕРИДАН – Нина Деан/Јана Стојановска *(за изведбата на 20-ти март улогата на Софи ќе ја игра актерката Нина Деан)
ДОНА ШЕРИДАН – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
СЕМ КАРМАЈКЛ – Кире Ѓоревски
БИЛ ОСТИН – Трајче Ѓоргиев
ХАРИ БРАЈТ – Владимир Јачев
СКАЈ – Никола Наковски/Петар Стојанов *(за изведбата на 20-ти март улогата на Скај ќе ја игра актерот Никола Наковски)
ТАЊА – Арна Шијак
РОЗИ – Тања Кочовска
ЛИЗА –Александра Павлова
ЕЛИ – Билјана Јовановска
ПЕПЕР – Стефан Спасов
ЕДИ – Александар Михајловски
СВЕШТЕНИК – Борјан Тетиев


ЖЕНСКИ АНСАМБЛ

Хор: Сара Николовска, Ана Костадиновска, Марија Новак, Катарина Илиевска, Александра Павловa, Ангела Димитрова, Моника Ставревска, Пируника Киселички и Михаела Јаневска.

Танчерки: Ангела Велевска, Мила Ниновска, Бојана Додевска, Медина Јусуфовиќ, Ангела Димитрова, Александра Павлова, Пируника Киселички и Михаела Јаневска.

МАШКИ АНСАМБЛ

Хор: Денис Димоски, Стефан Манасиевиќ, Петар Стојанов, Кирил Трајковски и Дино Хриџиќ.

Танчери: Мирослав Митрашиновиќ, Стефан Кочевски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Борјан Тетиев, Едру Иан Кук и Даниел Коцев.

МАМMА МИА оркестар:

Билјана Петровска (прво пијано), Маја Поповиќ (второ пијано), Филип Стевановски (клавијатура и синтисајзер), Мартин Јосифовски (бас гитара), Владимир Чадиковски (гитара), Зоран Костадиноски (гитара) и Влатко Нушев (тапани)

Асистент на кореографот: Ирена Лозинска | Втор асистент на кореографот: Бојана Додевска | Суфлер: Тања Ивановска | Фотограф: Емил Петро | Асистент на сценографот: Илина Ангеловска| Изведувач на сценографија: Татјана Блажевска – Христоска | Сликар изведувач: Ѓорѓи Ѓорѓиевски | Вајари: Ангелчо Петровски и Дарко Базерко | Тон-мајстор: Ненад Трпеноски | Тон – оператори: Симон Кипровски и Александар Арсиќ | Светло - мајстори: Дарко Младеновски, Раде Ресник, Владо Ќулавковски и Игор Митревски | Гардеробери: Валентина Чонкова, Светлана Апостолска и Скендер Бериша | Манипуланти: Трајче Тасевски и Горан Димов | Реквизитери: Соња Крстевска и Снежана Грнчаревска | Перикери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска | Декоратери: Срѓан Павловски, Саво Ивановски, Васил Мешковски, Чедо Димовски, Павле Кралевски, Дејан Стамчевски, Мартин Китановски и Боби Гелиќ


MAMMA MIA!
Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.

Prospot d.o.o
Македонскиот народен театар како носител и продуцент на мјузиклот, MAMMA MIA! го реализира во копродукција со словенскиот партнер Prospot d.o.o застапуван од славниот југословенски скијач од осумдесеттите години, Јуриј Франко кој со еднаков успех ги остварува и успесите во светот на бизнисот, а во последниве години се бави и со продукција на мјузикли и театарски претстави. Посебно е горд на фактот што неговата компанија после шест години работа успева да ги обезбеди правата за мјузиклот MAMMA MIA! чија премиера прво беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб. На компанијата Prospot d.o.o и е голема чест да биде копродуцент на овој голем хит, ширум светот, и во Македонскиот народен театар. Компанијата се занимава со театарска и музичка продукција. Претставите „The Sound Of Music“, „I Love You, You’re Perfect, Now Change“ и „Moped Show Live“ се дел од продукцијата кои ги потпишува Prospot d.o.o и кои доживеале голем успех во Словенија. Квалитетот на работењето и достигнувањата на оваа компанија потврдени се и со добивањата на ексклузивните права за првокласна продукција MAMMA MIA! во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Романија и Бугарија.

*Цените на билетот се следни:
1-5 ред - 1000 ден.
6-11 ред - 1200 ден.
12-17 ред - 1000 ден.
1 галерија - 800 ден.
2 галерија - 600 ден.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304
 

Скопската цементарница и понатаму продолжува да биде една од најдарежливите компании за своите акционери. Годинава од нејзината дивиденда македонските ...
сите 21 | | | веќе видена

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во ...
сите 12 | | | веќе видена

Според истражувањето спроведено од Upwork, бројот на хонорарци во САД достигна рекордно високо ниво од 64 милиони луѓе, што е значително зголемување од ...
сите 7 | | | веќе видена

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи