НастаниСите

Fashion & Lifestyle Expo 2018

22Март
Трето издание на Fashion & Lifestyle Expo

Месец март е месецот за промени, нови информации, искуства, авантури...

Подгответе се за пролетното прочистување од зимските лежерни мисли и хибернацијата.

Време е за повторно отворање и проширување на хоризонтите со нови, креативни и иновативни перцепции.

Fashion & Lifestyle Expo по трет пат го најавува единствениот lifestyle настан кој прави совршен спој од се’ она што ја предизвикува нашата индивидуална и креативна страна.

На 22ри и 23ти март, фоајето на Македонската опера и балет повторно ќе зрачи со креативната енергија која е резултат на современиот дизајн, иновативните производи, уметноста, креативноста и прекрасните звуци.

Уникатниот современ дизајн на автомобили, архитектурата, парчиња мебел, бањи и уредување на ентериер, модниот дизајн, накит, аксесоари, чевли и часовници, луксузната козметика и исклучителните пијалоци се повторно во фокус.

Голем број на домашни и странски премиум брендови и компании, во уникатна атмосфера и во несекојдневен амбиент ќе ви ги претстават своите најнови колекции, производи и услуги, а посетителите ќе имаат можност од прва рака да ја дознаат нивната приказна и да искористат бројни поволности.

Покрај изложбениот дел ви ветуваме и богата дневна и вечерна програма, која ќе се одвива на неколку интерактивни сцени.

Од креативни презентации за дизајн на мебел, архитектура, модни совети со модни новинари и модните гуруа, стилизирање на брада и пиво за момците, луксузна козметика и квалитетно вино за дамите, па се’ до модни работилници за најмалите, Fashion & Lifestyle Expo има за цел повторно да ја помести границата и на посетителите да им понуди несекојдневно и незаборавно искуство, кое ќе ја поттикне и истакне индивидуалноста и ќе инспирира нови креативни конекции.

Наскоро ќе бидат откриени сите учесници на третото издание.

#TER
 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е прогласена за најпосакуван работодавец на манифестацијата „Работодавач на година“ во категоријата ...
сите 33 | | | веќе видена

Една од најголемите светски компании за производи за широка потрошувачка, „Нестле“, додава шеќер и мед во млекото и производите од житарки за бебиња што се ...
сите 5 | | | веќе видена

Транспарентните компании редовно ја известуваат јавноста за секоја промена што се случува во нивната структура. Особено вреди признание кога транспарентно се ...
сите 18 | | | веќе видена

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи